Национална рамка на квалификации (НРК) е инструмент за воспоставување на систем на квалификации стекнати во одредена земја, со кој се дава основа за стекнување на квалификации, проодност и квалитет на квалификациите;
Македонска рамка на квалификации (МРК) е задолжителен национален стандард со кој се уредува стекнувањето и користењето на квалификациите во Република Македонија и инструмент за воспоставување на систем на квалификации стекнати во Република Македонија со кои се даваат основите за прегледност, пристап, проодност, стекнување и квалитет на квалификациите;
Единствена, целосна и системски уредена структура за развивање, класификација,споредување и признавање на стекнатитеквалификации, стекнати по формален пат, како ипо неформален и информален пат.
Јасна врска помеѓу различните видови и нивоаи јасен преглед на начинот на стекнување наквалификациите.
Средиште за комуникација на сите засегнатиопштествени чинители.
Реално моделирање на квалификациите кои гиодразуваат потребите на пазарот на трудот ирелевантните вештини, и социјално економска стабилност.
Визија за креирање на нови квалификации и најефикасен начин за реформи на системот за образование и обука.
Кои се целите на НРК?
Јасно да ги дефинира резултатите од учењето;
Да воспостави систем на вреднување на различни квалификации во рамките на целокупниот систем на квалификации;
Да го поттикне и развива учењето во текот на целиот живот (доживотно учење);
Даги покаже јасните врски меѓу различните делови на образовниот систем;
Да укажува на проодноста и напредувањето (хоризонтално и вертикално) низ и во рамките на сите видови на образование и обука (формално, неформално и информално);
Да овозможи меѓународна споредливост на квалификациите;
Да го промовира значењето на клучните и стручните компетенции;
Да обезбеди мобилност на учесниците во процесот на образованието и обуката, како и вклучување на пазарот на труд на национално и меѓународно ниво;
Да се создаде единствен систем за управување со квалитетот;
Да го изедначи квалитетот на понудувачите на услуги;
Да обезбеди соработка на сите заинтересирани страни;
Да обезбеди усогласеност со економско социјалните и културните потреби на Републиката и
Да биде дел од системот во корелација со развојот на активностите на Европската рамка на квалификации.
Да ги направи квалификациите појасни,
Да го олесни признавањето на резултатите од учење;
Да обезбеди меѓународно препознавање и признавање на квалификациите;
Да обезбеди мобилност на учесниците и работната сила на национално,регионално и меѓународно ниво;
Да создаде единствен систем за управување со квалитет.
Кои се начелата на НРК?
Резултатите од учењето се искажуваат низ знаење, вештини и компетенции;
Класифицирање на квалификациите во нивоа и поднивоа;
Преносливост на кредити;
Споредливост со Европската рамка на квалификации;
Обезбедување на квалитет во процесот на стекнување и развој на квалификациите;
Обезбедување на услови за еднаква достапност на образование во текот на целиот живот за стекнување и признавање на квалификациите;
Јакнење на конкурентноста на македонското стопанство која се темели врз човечките потенцијали;
Воспоставување на координиран систем на осигурување на квалитет на постојните и новите квалификации;
Изградба на систем на вреднување на неформалното и информалното учење.