За да се обезбеди квалитет во процесот на развивање квалификации потребно е да се изготват процедури, прирачници и други документи во кои се дават насоки како да се одвива процесот на НРК и кои принципи и критериуми да се почитуваат. Во таа насока на 26 јануари 2017 во просториите на Стопанската комора на РМ се одржа дебата по нацрт – текстот на Прирачникот за развивање квалификации и прилагодување на постоечките квалификации во Македонската рамка на квалификации со цел да се изврши консултација со широк круг на засегнати страни околу нацрт верзијата на Прирачникот, кој што содржи информации како да се развијат нови квалификации и да се прилагодат постојните согласно препораките на Македонската рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации. Дебата ја водеа државниот советник во МОН, Наташа Јаневска, и експертот од Ирска, Ан Марфи и во неа учествуваа претставници од МОН и другите образовни институции (Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасните) Државниот испитен центар, Министерството за труд и социјална политика, преставници од средните стручните училишта и високообразовните институции, понудувачи на образовни услуги, комори, работодавачи, членовите на Националниот одбор за МРК и преставници/експерти од други проекти. На дебатата се дискутираше по содржината на текстот од Прирачникот кои опфаќа повеќе делови:
- Вовед во македонската рамка на квалификации – во кој се дава преглед за структурата, нивоата, описите на нивоата, типовите на квалификации, кредит системите и Регистарот на квалификации на МРК;
- Предлагање нова квалификација – изготвување предлог за нова квалификација, структура на квалификацијата, објаснување за структурата на квалификацијата, листа на насоки за развивање нова квалификација согласно потребите на пазарот на труд и сл;
- Сложени контексти при развивање нова квалификација во РМ;
- Развивање нови квалификации – фази при развивање нова квалификација, утврдување на потребата од развивање нова квалификација, одобрување и ревидирање на квалификацијата;
- Користење на резултатите од учењето во нови квалификации – користење на пристапот на резултати од учењето при развивање на новата квалификација и оценување на резултатите од учењето;
- Воведување модули и семестри;
- Квалификации за доживотно учење;
- Признавање/валидација на неформалното учење засновано на резултати од учењето поврзани со квалификации;
- Вклучување квалификации во Регистерот за МРК;
- Принципи за осигурување квалитет за новите квалификации;
- Адаптирање на постојните квалификации според критериумите на МРК и ЕРК – разбирање на процесот на адаптирање на постојните квалификации според критериумите на МРК и ЕРК и кои квалификации да се изберат и зошто, како да се анализираат постојните квалификации и како да се одреди релевантниот опфат на измените на постоечките квалификации, како да се изменат квалификациите, резултатите од учењето во адаптираните квалификации и одредување на нивото во МРК, оценување на резултатите од учењето според принципите за осигурување квалитет, адаптирање на постојните квалификации во контекст на Регистерот на МРК;
- Развивање или адаптирање квалификации од тригодишното стручно образование;
- Развивање или адаптирање квалификации од четиригодишното стручно образование;
- Развивање или адаптирање квалификации од постсредното образование;
- Развивање или адаптирање квалификации од високото образование;
- Развивање или адаптирање квалификации од образование за возрасни;
- Развивање или адаптирање на општо образовните квалификации.
Во целата дискусија посебен акцент беше ставен на принципите за осигурување на квалитет во развојот на квалификациите, а еден од заклучоците беше изготвување на еден заеднички терминолошки речник.
About the author