Придобивки за индивидуалци

Националната Рамка на Квалификации е наменета за оние кои бараат нова работа, сакаат да го продолжат или завршат своето образование или да потврдат нова квалификација. Денес, училиштето е сеуште најважната образовна институција која нè подготвува за живот но не и единствена. Ние учиме целиот наш живот, на работа, на различни курсеви, при читање книги или како дел од нашето хоби. Многумина ги имаат знаењата или вештините што не ги стекнале на училиште и затоа не можат да ги “надградат”, на пример, со сертификат или диплома. Сепак, благодарение на Националната Рамка за Квалификации, тие имаат можност да ја препознаат и потврдат новата квалификација. Затоа признавањето на квалификациите е формална потврда за нашите способности и исто така подразбира и пошироки можности за барање работа.

Националниот систем за квалификации ги обединува барањата за поединечни квалификации и ги опишува различните начини на нивно стекнување. Создава унифициран и транспарентен систем на признавање на квалификации, кој може да им користи на поединците, работодавачите и образовните институции во развојот на програмите за обука. Покрај тоа поттикнува доживотно учење на поединците, бидејќи резултатите од тоа учење и образование можат да бидат формално потврдени.

Благодарение на поврзувањето на Националната Рамка на Квалификации, односно Македонската Рамка на Квалификации со Европската Рамка на Квалификации, квалификациите ќе бидат разбирливи и во другите земји на Европската унија.