Нивоа на МРК

МРК содржи 8 квалификациони нивоа и 6 поднивоа на квалификации.
Секое ниво на квалификации е опишано со опис на ниво на квалификации.

Ниво 1

 Ниво

 Знаење

 Вештини

 Компетенции

I Поседува основно знаење за функцијата на одредени предмети и појави со можност да ги примени во практиката и другите дисциплини, а во исто време овозможува и натамошно учење. Поседува основни вештини за извршување едноставни работи; Користи едноставни методи,алати и инструменти со
упатства и под надзор; Поседува општи правила на комуникација.
Извршува едноставни задачи под директен надзор;
Презема одговорност за извршување едноставни задачи.
Ниво 2

 Ниво

 Знаење

 Вештини

 Компетенции

II Поседува основно знаење за функцијата на одредени предмети и појави со можност да ги примени во практиката и другите дисциплини, а во исто време овозможува и натамошно учење. Поседува практични и креативни вештини за
извршување едноставни или помалку сложени и однапред дефинирани работи во познати услови и предвидливи ситуации;
Користи едноставни методи, алати, инструменти, уреди и материјали врз основа на детални упатства;
Комуницира и соработува со одделни лица.
Работи самостојно во познати услови под
повремен надзор и со ограничена одговорност за извршување на работните
задачи; Остварува едноставна комуникација и соработка со дел од вработените во
познати ситуации.
Ниво 3

 Ниво

 Знаење

 Вештини

 Компетенции

III Поседува теоретски и
систематски усвоени
стручни знаења, факти,
принципи, процеси и општи концепти
за одделно подрачје на трудот или учењето, а во исто време овозможува натамошно учење.
Поседува практични и креативни вештини кои овозможуваат решавање на познати (предвидливи) и помалку познати (непредвидливи) ситуации; Извршува работи и задачи кои се со средна сложеност,
помалку стандардизирани и релативно прегледни; Користи различни уреди, алатки, опрема и материјали во
процесот на производството и во услугите; Комуницира и соработува со групата.
Планира, подготвува, организира и ја вреднува
својата работа, врз основа на однапред дадени овластувања, во рамките на делокругот на својата работа;
Извршува работи, кои не се секогаш однапред дефинирани, со одреден степен на самостојност и одговорност.
Ниво 4

 Ниво

 Знаење

 Вештини

 Компетенции

IV Поседува теоретски и систематски усвоени стручни знаења, факти, принципи, процеси и општи концепти за одделно подрачје на трудот или учењето, а во исто време овозможува натамошно учење. Поседува различни когнитивни, практични и креативни вештини, засновани на теоретски знаења и принципи, неопходни за учењето и работа и решавање на проблеми во променливи услови во одредено подрачје на трудот или учењето; Оспособен е да прибира, анализира, селектира и да употребува релевантни информации од различни извори, алатки, методологии, техники и материјали во областа на учењето; Оспособен е да изведува сложени постапки и да употребува методи, инструменти, алати, постројки и материјали во работата; Комуницира и соработува со групата во променливи услови. Самостојно ја планира, организира и ја води својата работа и врши надзор на зедничката работа; Самостојно извршува сложени задачи и решава проблеми, прилагодувајќи го своето однесување, во согласност со дадените насоки, во променливи услови; Одговорен е за сопствената работа, работата на групата, во насока на вреднување на резултатите од работата и унапредување на квалитетот, во согласност со однапред утврдени стандарди и критериуми.
Ниво 5

 Ниво

 Знаење

 Вештини

 Компетенции

V Покажува знаење и разбирање во полето на студирање или работа кое се надградува врз општото средно образование поткрепено со стручна литература; Поседува специјалистичко теоретско и стручно знаење и разбирање на одделни основни теории од потесна научна и стручна област; Поседува ограничено знаење од современите текови во областа во која работи или студира кое дава поддршка на полето на работа или професија, можност за личен развој и основа за понатамошни студии за да се заврши првиот циклус. Применува вештини кои се засноваат на разбирање на теоретските принципи и на нивната примена во решавањето на проблемите и во извршувањето на сложени и специфични задачи во полето на работа и учење, со избор и употреба на релевантни податоци, методи, постапки, техники, инструменти, уреди, алати и материјали; Има вештини за учење за да може да преземе понатамошни проучувања со определен степен на независност; Поседува способност да општи и расправа со целни групи од потесната професија или област на учење, со колеги, претпоставени и клиенти. Има повисок степен на лична и деловна одговорност и вреднување на сопствената работа и работата на групата врз основа на критериумите во областа на трудот; Способен е за пренесување на знаења на другите, организирање, информирање и контрола на сопствената работа и работата на другите; Презема одговорност за сопствените резултати, но и поделена одговорност за активностите, резултатите и работењето на останатите во групата.
Ниво 6

 Ниво

 Знаење

 Вештини

 Компетенции

VI Покажува знаење и разбирање во научното поле на студирање кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија; Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење; Покажува знаење и разбирање за разни теории и методологии неопходни за пошироката област на истражување. Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата; Покажува способност за идентификација, анализа и решавање проблеми; Способност за пронаоѓање и поткрепување аргументи во рамките на професијата или полето на студирање; Способност да прибира,анализира, оценува и презентира информации, идеи и концепти од соодветни податоци; Способност да оценува теоретски и практични прашања, да дава објаснување за причините и да избере соодветно решение. Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност. Способност да општи и расправа за информации, идеи, проблеми и решенија, кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани како со стручна, така и со нестручна јавност. Превзема одговорност за сопствените резултати и поделена одговорност за колективните резултати; Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични научни и интердисциплинарни дискусии. Донесува соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
Ниво 7

 Ниво

 Знаење

 Вештини

 Компетенции

VII Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (илистудирање) кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни зарешавање на сложени проблеми како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето. Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или во повеќе специфични научни полиња. Поседува знаење од една или повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле, како и способност за поврзување на проширено и продлабочено знаење во сродни професии или научни полиња. Способност за критичко,независно и креативнорешавање на проблеми соодредена оригиналност вонови или во непознатисредини и во мулти дисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање. Способност за синтетизирaње и интегрирање на знаењето и за справување со сложени прашања, систематски и креативно. Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување на нови анализи и решенија врз научна основа. Способност за препознавање на личната потреба за натамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки. Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување на истите како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено. Покажува значителна одговорност за сопствените и заедничките резултати, за водење и иницирање активности; Способност за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и проценка; Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување, како сопствен, така и за групата со која соработува.
Ниво 8

 Ниво

 Знаење

 Вештини

 Компетенции

VIII Покажува систематско разбирање на полето на истражување и совршено познавање на методи и вештини за истражување во рамките на тоа поле во согласност со највисоките меѓународни стандарди; Поседува знаење стекнато со сопствено истражување или работа со кое дава значаен придонес во професионалното и научното поле на истражување, но и во сродните на него полиња. Покажува способност да толкува, дизајнира, применува и адаптира суштински предмет на истражување со научен интегритет; Го користи своето знаење како основа за оригинални идеи и истражувања кои ги надминуваат постојните граници на знаење, развивајќи нови знаења, вреднувани на ниво на национални и на меѓународни рецензирани публикации; Способност за критичка анализа, оценување и синтеза на нови и сложени идеи, неопходни за решавање на сложени проблеми во полето на истражување; Способност за независно иницирање и учество во национални и во меѓународни истражувачки мрежи и настани со научен интегритет; Способност за независно иницирање на истражувачки и развојни проекти, преку кои ќе генерира ново знаење и вештини за развој на истражувачкото поле; Се очекува да биде способен да сe промовира во академски и професионални рамки и во технолошкиот, општествениот или културниот развој во општество засновано на знаење; Може да комуницира со своите колеги, пошироката академска заедница и со општеството во целина во рамките на својата област на експертиза; Превзема максимална одговорност за резултатите од својата сопствена работа, но и за работата на останатите во групата. Презема одговорност за раководење со комплексни процеси, со истовремена грижа за професионалниот развој на поединецот и на групата во целина.