Обемот претставува вкупно потрошено време, потребно за стекнување на одредена квалификација. Обемот на квалификациите се определува со број на кредити.
Со кредитот се мери оптоварувањето на кандидатот кој учи со оглед на времето кое е потребно за стекнување на една квалификација, односно за остварување на резултатите на учењето.
Типови на кредити:
- Во високо образование се применува ЕКТС (Европски кредит трансфер систем и акумулирање). Еден ЕКТС кредит опфаќа 30 работни часа во траење од по 60 минути потребни за стекнување на одредени резултати од учењето.
- Во стручното образование се применува ЕЦВЕТ (Европскиот кредит трансфер систем за стручно образование и обука). Еден ЕЦВЕТ кредит опфаќа 25 работни часа во траење од по 45 минути потребни за стекнување на одредени резултати од учењето.
- МКСОО (Македонски кредит систем за општо образование) се применува во основното образование, гимназиското образование и општообразовните предмети во стручното образование и обука. Еден МКСОО кредит опфаќа 25 работни часа во траење од по 45 минути потребни за стекнување на одредени резултати од учењето.
- За квалификациите кои се стекнуваат врз основа на оригинални научни или уметнички истражувања просечното вкупно потрошено време се искажува со бројот на годините на истражување на работното место.
Обемот на квалификациите за ниво на образование се одредува со најмалку 60 кредити што одговара на една учебна, односно студиска година.