Органи и тела на НРК

НАЦИОНАЛЕН ОДБОР ЗА МАКЕДОНКАТА РАМКА НА КВАЛИФИКАЦИИ
  • Врши процена на политиките за образование;
  • Вработување, доживотно професионално насочување и регионален развој од аспект на развој на човечкиот потенцијал и негов придонес во зголемување на конкурентноста на Република Македонија;
  • Дава препораки за подобрување во поврзувањето на образованието со потребите на пазарот на трудот;
  • Донесува одлуки за распоредување на квалификациите во Македонската рамка на квалификации;
  • Предлага развивање и унапредување на квалификациите до надлежните институции;
  • Донесува одлуки за усогласување на постојните квалификации со Македонската рамка на квалификации;
  • Го следи развојот на Македонската рамка на квалификации во целина, развива и усвојува методолошки документи за класифицирање на квалификациите;
  • Формира секторски комисии за квалификации;
  • Утврдува соодветни критериуми за работата на секторски комисии за квалификации и дава насоки за нивното работење;
  • Одлучува за дефинирање на потсекторите, областите и подобластите во рамките на секторите на квалификации;
  • Разгледува и усвојува извештаи доставени од секторските комисии за квалификации и
  • Дава препораки за работењето на секторските комисии за квалификации, врз основа на доставените извештаи.

Членови на Националниот одбор:

  • Двајца претставници од Министерството за образование и наука и
  • По еден претставник назначени од:
    1. Министерството за труд и социјална политика,
    2. Центарот за стручно образование и обука,
    3. Центарот за образование на возрасните,
    4. Бирото за развој на образованието,
    5. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,
    6. Високообразовна установа, кој го предлага Интеруниверзитетската конференција,
    7. Стопанската комора на Република Македонија,Сојузот на коморите на Република Македонија,Комората на занаетчиите на Република Македонија и Стопанката комора на северозападна Македонија,
    8. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија

Критериуми за назначување на  член на Националниот одбор:

  • Завршено високо образование и
  • Најмалку пет години работно искуство во струката од кои две години во областа на доживотното учење и квалификации

Претседателот и членовите на Националниот одбор се назначуваат за четири години.

СЕКТОРСКИ КОМИСИИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ
  • Ја анализираат состојбата и тенденциите на пазарот на трудот,
  • Предлагаат квалификации за сектор/потсектор на квалификации од I до V ниво, односно за научно подрачје, поле и област за квалификациите од VI до VIII ниво,
  • Ги анализираат постојните квалификации,
  • Вршат евалуација на постојните квалификации,
  • Ги идентификуваат потребите за сите видови на квалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот и општеството во целина,
  • Разгледуваат предлози за воведување на нови квалификации,
  • Предлагаат приоритети во развојот на нови или дополнување на постојните квалификации,
  • Го подготвуваат основниот профил на квалификацијата,
  • Даваат мислење за усогласеноста на стандардите на занимањата/стандардите на квалификации со испитните програми,
  • Формираат комисија за оценување и потврдувањето на резултатите од учењето (знаења, вештини и компетенции) во неформалното образование и обука,
  • Ги промовираат секторите на квалификации и можностите за вработување во нив и  доставуваат годишни извештаи за својата работа до Националниот одбор

Членови на Секторската комисија за квалификации:

  1. Член од надлежното министерство,
  2. Министерството за образование и науката,
  3. Здружението на работодавачи од соодветниот сектор,
  4. Репрезантативниот синдикат на вработените од соодветниот сектор,
  5. Универзитетите,
  6. Центарот за стручно образование и обука,
  7. Центарот за образование на возрасните,
  8. Бирото за развој на образованието и
  9. Соодветното тело надлежно за регулирани професии (адвокатска комора, лекарска комора, инженерска комора и друго).

Претседателот и членовите на секторската комисија за квалификации имаат мандат од четири години.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
  • Дава насоки за развој на стандардите за квалификации,
  • Ја поврзува Македонската рамка на квалификации со Европската рамка на квалификации и со Квалификациската рамка на европскиот простор на високото образование,
  • Ја следи примената и развојот на националните рамки на квалификации во други држави и
  • Ја информира јавноста за стручни прашања поврзани со Македонската рамка на квалификации
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
  • Вооспоставува и развива систем за добивање на информации за сегашните и идни потреби на пазарот на трудот и потребните компетенции,
  • Собира податоци за промени на компетенциите за потребни занимања,
  • Предлага развој на стандарди на квалификации и стандарди на занимања според потребите на пазарот на трудот,
  • Учествува во изработката на стратешки документи и анализи за развојот на Македонската рамка на квалификации со цел за зголемување на вработувањето и развојот на конкурентноста на Република Македонија,
  • Развива методологија за изработка на стандарди на занимања и
  • Го следи вработувањето на лица со здобиени квалификации.
ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА, ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ И БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО
  • Развој на квалификациите од I до V-Б ниво
ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ
  • Развој на квалификациите од V-А до VIII ниво