Category Archive Новости

Меѓународна конференција 10 години НРК

Во изминатите 10 години Македонија работеше на еден исклучително значаен процес, кој во суштина е еден од предусловите на патот кон интеграција во Европската Унија. Креирана е Национална рамка на квалификации, како национален стандард за регулација на стекнувањето и користењето на квалификациите и истата во 2016 година се усогласи со европскиот стандард, со што како држава ги исполнивме препораките на Европскиот парламент и на Советот од 23 април 2008 година за воспоставување на Европската рамка на квалификации за доживотно учење, на национално ниво.

Со голем ентузијазам и посветеност на повеќе институции и органи, координирани од Министерството за образование и наука и тоа преку Одделението за Националната рамка на квалификации, Националниот одбор за НРК и повеќе Секторски комисии, се постигна поставената цел. Државата доби значаен инструмент за комуникација и реформи и алатка за доверба и поддршка на креаторите на политиките, на работодавачите, учесниците во процесот на учење, родителите, носителите на квалификации и останатите чинители во градењето на системот на квалификации.

Националната рамка на квалификации продолжува да се развива, а од особена важност е придонесот на тимот во рамки на Твининг проектот финансиран од ЕУ за Понатамошна имплементација на Националната рамка на квалификации, со чија експертиза и пренесување на добри практики и искуства од други земји, ја подобруваме транспарентноста и препознатливоста на квалификациите во Република Северна Македонија и ЕУ.

Чест и задоволство ни претставува да Ве поканиме на Конференцијата по повод „10 години Национална рамка на квалификации“, со која уште еднаш ќе ја потврдиме заложбата за развој на квалитетен национален стандард за стекнување и користење на квалификациите. Ќе се осврнеме на придобивките од НРК, на поважните достигнувања во оваа област во изминатата деценија, а ќе го презентираме и планот за понатамошно делување. Конференцијата е од меѓународен карактер и од особена важност ќе биде сите ние заедно да ги слушнеме искуствата и препораките на истакнати експерти од областа, од земјите во Европската Унија.

Конститутивна седница на Одборот за Национална рамка на квалификации

Министерот за образование и наука, г-динот Арбр Адеми, денес на 5-ти декември, ја отвори и претседаваше со Конститутивната седница на Одборот за Националната рамка на квалификации. Во своето поздравно обраќање, министерот им го честита именувањето на членовите и им посака пријатна и успешна работа. Read More

Регионалната конференција Нова динамика во техничкото и стручното образование во Западен Балкан“


На 3 и 4 јули 2018 година, во Берлин, Германија, се одржа регионалната конференција ,,Нова динамика во техничкото и стручното образование во Западен Балкан“  на која присутвуваа министрите и замениците министри од земјуите од Западен Балкан.

Настанот беше во организација на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), со цел да се продолжи со поддршката на стручно образование и обука, како еден од приоритетите на Берлинскиот процес, започнат во 2014 година.

На конференцијата присуствуваше и Министерот за образование и обука, Арбер Адеми, и во своето излагање истакна дека стручното образование и обука мора да биде пофлексибилно кога е во прашање неговото прилагодување кон потребите на пазарот на трудот, бидејќи само така ќе се создаваат ученици со соодветни знаења, вештини и компетенции, кои ќе можат да одговорат на барањата на работодавачите и полесно да се вработаат и ќе овозможи доквалификација или преквалификација.

Министерот Адеми ја нагласи важноста на унапредување на квалитетот во стручното образование и обука преку донесување на стандарди и процедури, стандарди на занимања и стандарди на квалификации  во соработката со бизнис заедницата во секој сегмент од образовниот процес, но и модернизирање на наставните програми и наставниот процес, посебно воведувањето на модуларните наставни програми кои се засноваат на резултатите од учење и оценување на резултатите од учењето за стекнување на нови квалификации.

Сите овие новини кои се преземаат се во насока на одржливост на Националната рамка на квалификации во Република Македонија како алатка за воспоставување на рамнотежа помеѓу образованието и обуката и пазарот на труд.