Основни информации

Дефиниција за квалификација

Квалификација е формален резултат од процесот на оценување и потврдување кој е стекнат, кога одговорна институција потврдува дека поединецот ги има постигнато резултатите од учење, согласно утврдени стандарди.

Стандард за квалификација

Стандардот на квалификацијата го сочинуваат:

  • назив на квалификацијата,
  • тип на квалификацијата,
  • ниво, односно подниво на квалификацијата,
  • код на квалификацијата,
  • кредитна вредност на квалификацијата,
  • опис на квалификацијата и
  • содржина на квалификацијата (услови за запишување, број на задолжителни и изборни предмети, односно модули, начин на проверка и критериуми за проверка на резултатите од учењето).

Типови на квалификации

  • квалификации на ниво на образование (образовно ниво) и
  • стручни квалификации

Јавен документ

Јавниот  документ е доказ за стекната квалификација и се издава од овластена институција.

  • За стекната квалификација на ниво на образование се добива свидетелство, уверение и диплома.
  • За здобиена стручна квалификација се добива сертификат.