Начела на НРК

Начела на Национална рамка на квалификации

  • Резултатите од учењето се искажуваат низ знаење, вештини и компетенции;
  • Класифицирање на квалификациите во нивоа и поднивоа;
  • Преносливост на кредити;
  • Споредливост со Европската рамка на квалификации;
  • Обезбедување на квалитет во процесот на стекнување и развој на квалификациите;
  • Обезбедување на услови за еднаква достапност на образование во текот на целиот живот за стекнување и признавање на квалификациите;
  • Јакнење на конкурентноста на македонското стопанство која се темели врз човечките потенцијали;
  • Воспоставување на координиран систем на осигурување на квалитет на постојните и новите квалификации;
  • Изградба на систем на вреднување на неформалното и информалното учење.