Завршна конференција на проектот “Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на НРК”

Завршна конференција на проектот “Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на НРК”

На патот кон понатамошна имплементација на НРК – завршна конференција на проектот “Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации”

 

На 10 октомври 2017 се одржа завршната конференција на твининг проектот ,,Подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации,, на која присуствуваше Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска. Покрај министерката Дескоска, свои обраќања имаа и амбасадорите на Република Хрватска, Н.Е. г-ѓата Данијела Баришиќ, и Република Полска односно Н. Е. г-динот Јацек Мултановски, како и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-динот Никола Бертолини.

Во своето обраќање, министерката Дескоска истакна дека сите вклучени во образовниот процес, но и во реформите во образованието треба да бидат свесни дека квалитетот на образованието е примарна цел и инструмент за градење доверба. “Само стандард кој гарантира квалитет може да биде почитуван и релевантен. Затоа во градењето квалификации нам ни е потребно тие да гарантираат квалитет и споредливост за да бидат препознаени во меѓународен контекст“, потенцираше министерката Дескоска.

На денешниот настан се обрати и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-динот Бертолини кој истакна дека квалификациите единствено имаат вредност доколку образовната заедница, работодавачите и општеството имаат доверба во стандардите на знаење, вештините и компетенциите поврзани со квалификациите.

Овој проект ќе придонесе за понатамошна имплементација на Националната рамка на квалификации, која е поврзана со Европската рамка на квалификации. Како таква, НРК претставува значаен инструмент за креирање политики за промовирање на мобилноста и доживотното учење како на национално, така и на европско ниво и има одлучувачка улога во подобрување на транспарентноста на националните квалификации, подобрување на квалитетот на квалификациите и нивната важност на пазарот на труд, иницирање на реформи во образовните политики и засилена комуникација со сите чинители, и проширување на можностите за признавање на претходното учење во рамките на системот на квалификации.

Г-ѓа Наташа Јаневска, национален проектен лидер и координатор на процесот за имплементација на НРК во МОН, истакна дека главната цел на проектот беше хармонизација на законската регулатива со НРК, користење на квалификациите и поддршка на зајакнувањето на националните капацитети за ефикасно функционирање на системот за Националната рамка за квалификации во нашата земја, како двигател на реформата на образовната политика, подигнување на квалитетот на квалификациите и нивната релевантност на пазарот на работна сила и како инструмент да ги направи квалификациите појасни, да го олесни признавањето на резултатите од учење, да  обезбеди  меѓународно препознавање и признавање на квалификациите, да обезбеди  мобилност на учесниците и работната сила на национално и меѓународно ниво  и што е најважно да  создаде единствен систем за управување со квалитет.

,,Во период од 22 месеци колку што се реализираше овој проект, истакна  г-ѓа Јаневска, се создаде платформа за соработка, зеаднички пристап кон активностите, беше зголемена видливоста на НРК и фокусот се стави на детектираните предизвици. Искуства  од странство  беа подлога за инспирација за понатамошната имплементација на НРК, а преку изработениот Патоказ за имплементација на НРК покажуваме дека го јакнеме на процесот за НРК и насочени сме кон негова одржливост,,

. На конференцијата свои обраќања имаа и проекните лидери од земјите членки г-ѓа Агнешка Клон Доминчак од Република Полска, г-ѓа Ален Понтон од Шкотска и г-ѓа Ана Тецилажиќ Горшиќ  кои зборуваа за искуството стекнато во нашата земја работејќи со сите чинители во процесот на имплементација на НРК и дадоа свои препораки за одржливоста на НРК.

На крајот од конференцијата се доделија и сертификати за Главни обучувачи за НРК, квалификација која беше развиена во самиот проект и го помина целиот процес на осигурување на квалитет почнувајќи од дизајнирање на Стандард на занимање – Обучувач, Стандард на квалификација и Програма за учење за стекнување на квалификацијата, обука која започна транспарентно со оглас, критериуми за влез на обуката, учество во обуката (посветеност од страна на учесниците, домашни задачи), интернационални обучувачи, процес на оценување – практичен испит и подготовка на портфолио, комисија за оценување (национални и интернационални оценувачи) и стекнување на јавен документ.

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply