Во рамките на Твининг проектот,,Понатамошен развој и имплементација на националната рамка на квалификации, по низа работилници за јакнење на капацитетите на членовите на Националниот Одбор за МРК, на 17 јануари 2017 се одржа семинар на тема: ,,Анализирање, развивање и подготвување практични чекори за 2020,, што беше предизвик за членовите на Националниот одбор на МРК кои учествуваа на семинарот. Семинарот го водea експертите од проектот: Ајлин Понтон, Шила Дун, Рос Крафорд (Шкотска), и Марта Пониковска (Полска).
На семинарот се дискутираше по две прашања:
Членовите на Националниот Одбор за МРК во предизвиците за НРК главен фокус ставија на одржливоста на рамка, нејзината флексибилност и транспарентност за да може секој да ја користи и и силната соработка со сите чинители. Исто така, истакнаа, дека таа треба да биде составен дел (интегрален дел) од системот и легислативата и да овозможува мобилност од едно ниво во друго повисоко ниво.
Но најважно од се, е да има квалитет преку развиени стандарди за квалитет, и релевантност на квалификациите според потребите на пазар на труд и потребите на општеството и личниот развој на поединецот.
About the author