Јавна расправа за документот за МРК

Јавна расправа за документот за МРК

Министерството за образование и наука, на 09 април 2013 година во просториите на Стопанската комора на Македонија, одржа јавна расправа за изработенот документ ,,Македонска рамка на квалификации – појдовни основи“ каде е даден концептот, структурата на рамката и структурата на раководење и спроведување на Македонската рамка на квалификации.

Образованието и обуката имаат клучна улога во развојот и промоцијата на општеството кое е засновано на знаење, конкурентност и иновативност како можност да одговори на предизвиците на што ги носат процесите на глобализацијата. Националната рамка на квалификации е основа за државите да го подготват системот на образование и обука за иднината, според општествените и економските потреби на пазарот на трудот. Во таа насока Република Македонија презеде активности да изготви своја рамка на квалификации, која нуди можност за стекнување вештини и компетенции, можност за мобилност на учесниците во процесот на образование и обуката и на работниците и на бизнисите да оперираат во уште по глобални пазари и дијалог и соработка меѓу различните образовни сектори, но и меѓу образованието и работата.

На дебатата присуствуваше и министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев, кој истакна дека донесувањето на документот ќе значи олеснување на признавање на резултатите од учењето, обезбедување мобилност на учениците, студентите и работната сила на национално и меѓународно ниво, создавање единствен систем за управување со квалитет и изедначување на квалитетот на програмите и понудувачите на услуги. Искуствата со развојот на Националната рамка на квалификации покажа дека тоа е долгорочен процес, дека тоа е процес на учење, процес на експертиза, како национална, така и меѓународна, и соработка на сите заинтересирани страни. Процесот на изработка на Македонската рамка на квалификации, внесена во документот ,,Македонската рамка на квалификации – појдовни основи“ започна со изработка на Национална рамка на високообразовните квалификации во 2010 година и со измените на Законот за високо образование во 2011 год.

– Република Македонија повеќе од една деценија спроведува реформи во образованието и науката. И понатаму како предизвик остануваат усогласувањето на образованието, обуката и пазарот на трудот, вработувањето на младите, преквалификацијата на возрасните и обезбедување квалитет, социјална инклузија и еднаквост на сите, рече министерот за образование и наука, Панче Кралев.
Денешната дебата и сите наредни активности во однос на „Македонска рамка на квалификации – појдовни основи“ го ставаат образованието и обуката во контекст на пазарот на труд и вработувањето, но исто така и во контекст на развојот на секторите на квалификации, клучните компетенции, формалното и неформалното и информалното учење и нивното препознавање, претприемништвото и иновациите, додаде Кралев.

На дебатата беше истакнато дека од голема важност за развој на Националната рамка на квалификации беше учеството во претходните иницијативи и проекти на Европската трениг фондација (ETF), КАРДС (CARDS) и ЕУ Проектот за доживотно учење. Преку нив се јакнеа капацитетите на човечките ресурси и се овозможи учењето за политиките во образованието да се претвори во практика.

Посебен акцент беше ставен на учеството и улогата на чинителите во Националната рамка на квалификации затоа што во квалификациите мора сите да имаат доверба, како и на важноста Македонската рамка на квалификации мора да биде во корелација со Европската рамка на квалификации. Учењето од други добри практики е корисно и таа не може да се развива во изолација од другите рамки, но Националната рамка мора да се развива и поврзува со нашиот систем на образование и обука и со структурата на домашните институции што ќе бара реорганизирање и давање нови надлежности на постоечките институции, креирање нови тела, планирање дополнителни финансиски средства и развој на човечки ресурси, измени и дополнувања на постоечките закони и подзаконски акти и носење нов Закон за Национална рамка на квалификации.

На дебатата се заклучи дека Македонската рамка на квалификации ќе придонесе за јакнење на процесот на партнерство, на национално, регионално и меѓународно ниво, правци за реформи во образованието и обуката и имплементацијата на неодамна презентираните:
– Стратегијата за стручно образование и обука во контекст на доживотно учење 2013-2020;
– Стратегијата за претприемничко образование;
– Стратегијата за иновации

НАЦРТ ДОКУМЕНТ
МАКЕДОНСКАТА РАМКА НА КВАЛИФИКАЦИИ
– појдовни основи –

MRK april 2013

MRK Odrzlivost 09 april 2013

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply