Обука за обучувачи за НРК

Обука за обучувачи за НРК

Во рамките на твининг проектот финансиран од ЕУ: ‘’Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации“, а во соработка со Националниот Одбор за НРК беше организирана Обука за обучувачи за НРК. Обуката траеше четири дена од 22 – 24 март 2017, од кои што последниот ден вклучи презентирање на микро-обука и оценување.

Обуката беше фокусирана на три цели:

  1. Обезбедување на учесниците практични можности да станат компетентни обучувачи на лица вклучени во развивањето на квалификации од одреден сектор од образование и обука, и истите да станат одобрени експерти за информирање различни засегнати страни за структурата и процедурите на МРК.
  2. Обезбедување структурирана можност на учесниците  да ги покажат своите компетенции како обучувачи на други лица околу потребните методологии за дизајнирање и развој на квалификации и за прилагодување на постојни квалификации.
  3. Давање можност на учесниците да бидат ментори на помошници-обучувачи, кои би ги развиле своите капацитети преку обука на работното место, кое опфаќа обучување за потребните методологии за изготвување нови квалификации

Програмата за обука е предвидена да трае осум недели која завршува  на 28 април и се состои од два дела. Согласно препораките на ЕРК, Програмата за обука се заснова на резултати од учењето и оценување на постигнувања на резултатите од учење со точно пропишани критериуми за оценување. Оценувањето на микро обуката го вршеа  двајца оценувачи (еден интернационален и еден национален оценувач).

Првиот дел на Програмата е структуриран во 2 задолжителни и 5 изборни модула со предвидени:  30  часови директен контакт во училница,  20 часови учење поддржано преку е-платформа и  250 часови самостојно и групно учење).

Модулот 1 е насловен:  Правни, оперативни и педагошки аспекти на НРК и се состои од 5 дела, додека Моделот 2 е Модернизирање на постојните квалификации и развивање на нови квалификации и се состои од 5 дела.

Вториот дел од програмата вклучува Портфолио со материјали за обука кое ќе мора да биде предадено на оценување пред 28 април 2017. Резултатите од комплетното оценувањето ќе бидат објавени најдоцна до 12 мај 2017.

Учесниците кои успешно ќе ги завршат двете оценувања за програмата ќе добијат сертификат и  се здобиваат со квалификација Обучувач за обучувачи за НРК кои како експерти ќе им помогнат на Националниот Одбор за НРК и Одделението за НРК во промовирањето на Македонската рамка на квалификации и обучување други лица за новите методологии за развивање квалификации за НРК, за прилагодување на постојни квалификации и за општите аспекти за НРК.

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply