Со поддршка на Британскиот Совет во Македонија, во соработка на Организацијата на работодавачи, на 06 фебруари 2015 год., министерството за образование и наука, одржа работилница на тема: ‘’Подигање на свеста на работодавачите за нивната улога во процесот на НРК.’’
На работилницата учествуваа преставници на фирми од различни сектори во рамките на која беше презентирана Македонска рамка на квалификации како инструмент кој овозможува класификација, споредување, развој и разбирање на квалификациите и значењето на работодавачите во целиот процес. Рамката ги опфаќа нивоата на квалификации кои може да се стекнат низ сите видови на образование и обука, со цел да се задоволат потребите на пазарот на трудот и на општеството. Само со вклучување на работодавачите во целиот процес на МРК може да се зголеми релевантноста на сите видови квалификации, кон потребите на бизнисите и пазарот на трудот во целост.
Улогата што ја имаат работодавачите, започнува со импутот што ќе го даваат преку изготвувањето на наставните/ студиските програми, во изготвувањето на стандардите за занимања преку учеството во работните групи, во развивањето на нови квалификации со учество како членови во Секторските комисии и во усвојувањето на квалификациите со учеството во највисокото тело за МРК, како членови на Националниот Одбор на МРК, кој треба да се формира.
На обука беа презентирани практики каде во краеирањето на наставните/студиските програми имале учество работодавачите и таму каде што немале свое учество.
About the author