Преставник од Министерството за образование и наука, Наташа Јаневска, координатор на работната група за имплементација на НРК, на 14 мај 2015 год. учествуваше на состанокот на Советот на работодавачи, организиран од страна на директорот на Агенцијата за вработување на РМ, г- дин Влатко Попоски.
На состанокот беше истакната важноста од донесувањето на Македонската рамка на квалификации како важен сегмент во процесот на реформи што ги презема Република Македонија во образованиот систем со цел да стане споредлива со европскиот систем на вредности, кој ќе овозможи поголема мобилност, како на полето на образованието, така и на полето на пазарот на трудот.
На состанокот беше презентирана Националната рамка за квалификации, како инструмент за класификација, споредување, развој и разбирање на квалификациите, но акцентот беше ставен на важноста на работодавачите во целиот процес на НРК за да можеме да образуваме кадри кои ќе имаат реална потреба на пазарот на трудот и ќе бидат барани од индустријата, а со тоа ќе се и обезбеди полесно вработување. Со систематско вклучување на работодавачите во образовниот прoцес, ќе се зголеми и релевантноста на сите видови квалификации, кон потребите на бизнисите и пазарот на трудот во целост.
Затоа велиме дека таа истовремено претставува и инструмент за комуникација помеѓу заитересираните страни корисници на истата (институции, ученици студенти, наставници, работодавачи, понудувачи на обуки, креатори на политики, комори, организација на работодавачи и сл.)
Советот на работодавачи е составен преставници на поголемите компаниии во РМ, комори и организацијата на работодавачи. На состанокот се разви плодна дискусија.
About the author