Со формирање на работна група за НРК од страна на министерот за образование и наука продолжи започнатата работа за изготвување на Националната рамка на квалификации. Работната група е составена од преставници на повеќе институции и организации кои се дирекно засегнати од изготвувањето и донесувањето на НРК.
Македонска рамка на квалификации претставува инструмент кој овозможува класификација, споредување, развој и разбирање на квалификациите. Ја покажува јасната врска помеѓу различните видови и нивоа и овозможува јасен преглед на начинот на стекнување на квалификациите со цел да се задоволат потребите на пазарот на трудот и на општеството, да се поддржи доживотното учење и да се овозможи мобилност за учење и работење. Македонска рамка на квалификации ја гледаме и како можност за реформи на системот за образование и обука, земајќи ја како референтна точка за реформи.
Првичната идеа за развој на Националната рамка на квалификации започна во 2002 година во рамките на Проектот Програма за стручно образование и обука Втора фаза Contract No.02-0003 Second Phase (CARDS), во кој беше развиен Концепт за систем за стручни квалификации за Република Македонија. Концептот беше подготвен од г-дин David Handley, експерт од Велика Британија во соработка со членовите на двете подгрупи за национални стандарди за квалификации и за оценување. Со проектот беа изготвени 5 стан¬дарди и 5 квалификации во 4 приоритетни сектори: машински, елект¬ро¬тех¬нички, здравствен и економски.
Сo CARDS проектот за доживотно учење Техничка подршка на Министерството за образование и наука за доживотно учење беше развиен документот Појдовни основи за Национална рамка на квалификации за доживотно учење. Документот беше изготвен врз основа на Европската рамка на квалификации, Копенхашката декларација и Болоњската декларација.
Решение за формирање на Комисија за изготвување на Националната рамка за квалификации
About the author