На 3 и 4 јули 2018 година, во Берлин, Германија, се одржа регионалната конференција ,,Нова динамика во техничкото и стручното образование во Западен Балкан“ на која присутвуваа министрите и замениците министри од земјуите од Западен Балкан.
Настанот беше во организација на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), со цел да се продолжи со поддршката на стручно образование и обука, како еден од приоритетите на Берлинскиот процес, започнат во 2014 година.
На конференцијата присуствуваше и Министерот за образование и обука, Арбер Адеми, и во своето излагање истакна дека стручното образование и обука мора да биде пофлексибилно кога е во прашање неговото прилагодување кон потребите на пазарот на трудот, бидејќи само така ќе се создаваат ученици со соодветни знаења, вештини и компетенции, кои ќе можат да одговорат на барањата на работодавачите и полесно да се вработаат и ќе овозможи доквалификација или преквалификација.
Министерот Адеми ја нагласи важноста на унапредување на квалитетот во стручното образование и обука преку донесување на стандарди и процедури, стандарди на занимања и стандарди на квалификации во соработката со бизнис заедницата во секој сегмент од образовниот процес, но и модернизирање на наставните програми и наставниот процес, посебно воведувањето на модуларните наставни програми кои се засноваат на резултатите од учење и оценување на резултатите од учењето за стекнување на нови квалификации.
Сите овие новини кои се преземаат се во насока на одржливост на Националната рамка на квалификации во Република Македонија како алатка за воспоставување на рамнотежа помеѓу образованието и обуката и пазарот на труд.
About the author