Искуствата со развојот на Националната рамка на квалификации покажаа дека тоа е долгорочен процес, дека тоа е процес на учење, процес на експертиза, како национална, така и меѓународна, и соработка на сите заинтересирани страни. По усвојувањето на Законот за Националната рамка за квалификации, во овој период започнува и процесот на референцирање/упатување на Македонската рамка на квалификации со Европската рамка на квалификации. Упатувањето може да има големо влијание на системот за квалификации во земјата, вклучувајќи го и обезбедувањето на квалитет, вработливоста и социјалната интеграција на оние што учат и работниците во целото општество и ќе придонесе за јакнење на процесот на партнерство, на национално, регионално и меѓународно ниво.
Процесот на упатување започнува со поготовка на Национален извештај за референцирање од страна на работна група за подготовка на извештајот и спроведување на целиот процес согласно критериумите утврдени од ЕУ. За таа цел на 22 и 23 мај во Скопје се одржа првата работилница со преставници од МОН, МТСП, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасни, преставници од универзитетите, организацијата на работодавачи, коморите, агенцијата за вработубање и др. Работилницата беше организирана со подршка на Европската тренинг фондација и Британскиот Совет и во неа учествуваа експертите проф. Миле Џелалија од Хрватска и Едварда Кастел Бранко од ЕТФ.
На работилницата се изготви Патоказ за упатувања кон ЕРК и беа прецизирани главните цели, временска рамка, одговорности, услови, ресурси, а беа опфатени и темите:
1. Упатување на ЕРК: од критериуми и процедури до практична имплементација. Водење на процесот. Случаи и примери
2. Мапирање на квалификациите во Македонија: започнување со пристапот и методот; можности и предизвици за имплементација на НРК и придонес од упатувањето кон ЕРК
3. Раководење на квалификациите и рамката за квалификации: улоги, фунцкии, видови, примери. Фокус на обезбедување квалитет
Извештајот за референцирање на МРК ке биде предмет на разгледување и прифаќање од Советодавната група на ЕУ надлежна за квалификациите во чија работа Република Македонија активно учествува со свој претставник. Усвојувањето на нашиот извештај ќе значи дека квалификациите кои се издаваат во Република Македонија се меѓународно препознатливии и со тоа претставуваат сигурност како за идните инвеститори во Република Македонија, така за појдовната и дојдовната мобилност на работната сила.
Процесот на референцирање ќе биде подржан од ЕТФ, додека Британскои Совет ќе даде поддршка на имплементацијата на законската рамка за НРК и ЕРК.
About the author