Учество на регионалната конференција ,,ГЛЕДАМЕ ВО ИДНИНАТА,,

Учество на регионалната конференција ,,ГЛЕДАМЕ ВО ИДНИНАТА,,

Невработеноста на младите во земјите од Западен Балкан е прашање кое ги обединува владините креатори на политики, образованието и работодавачите со цел да се најдат насоодветни решенија за обезбедување на динамична економска иднина.

Со цел да се подигне свеста и да се обезбеди форум за дискусија за важните прашања поврзани со образованието, пазарот на труд и вработувањето, Британскиот Совет организира меѓународна конференција на тема„ Гледаме во иднината“ која е дел од проектот „ Вклучување на работодавачите и реформа на стручното образование и обука“.

Конференцијата се одржа од 7-9ти декември и на неа покрај меѓународните партнери од Велика Британија и земјите од регионот, присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука, Британски Совет, Стопанската комора за туризам, училиштата и работодавачи од секторот за туризам и угостителство.

На конференцијата се разгледуваа важни прашања поврзани со развојот на вештините, претприемништвото, учењето засновано на работа и вработувањето.

Клучно прашање за дискусија беше воспоставување, развој и улога на Секторска комисија за туризам и угостителство, како важен форум за дијалог во процесот на спроведувањето на Националната рамка на квалификации.

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply