Министерот за образование и наука, г-динот Арбр Адеми, денес на 5-ти декември, ја отвори и претседаваше со Конститутивната седница на Одборот за Националната рамка на квалификации. Во своето поздравно обраќање, министерот им го честита именувањето на членовите и им посака пријатна и успешна работа.
Во своите очекувања, Министерот ги истакна постигнувањата на предходниот состав и изрази уверение дека и овој состав на Одборот успешно ќе одговори на предизвиците кои престојат. Од поважните активности кои престојат беа издвоени, работата на стандардите за зелените работни места, вклучувањето на меѓународните квалификации во Регистарот на квалификации, подготовката на Стратегија за комуникација на рамката на квалификации, основањето на новите Секторски комисии и заокружување на процесот на усвојување на Стандардите за квалификации за преостанатите профили во средното стручно образование како и разгледувањето на најповолните решенија во врска со високообразовните квалификации и нивното запишување во Регистаор на квалификации.
Министерот ја нагласи и улогата на Одборот во обликувањето на квалификациите пожелни за развојот на економијата и општеството во целост. Конститутивната седница заврши со повторниот избор на Борчо Алексов за Претседател на Одборот и настојувањата на министетрот за што побргу отпочнување на работата на Одборот на тековните и идните предизвици.
About the author