Донесена уредбата за високообразовните квалификации

Донесена уредбата за високообразовните квалификации

Создавањето на конкурентен европски економски простор бара мобилност на компетенциите и нивно јасно препознавање и користење од страна на поединците, од работодавачите и од целата општествена заедница. Тоа, покрај другото, бара и воспоставување на нов европски систем на вредности, нов однос кон образованието кој ќе биде широко прифатлив за земјите членки на ЕУ, како и за земјите кои сакаат да се приклучат на европското семејство. Како резултат на тоа, во април 2008 година, Европскиот парламент и Советот на ЕУ ја усвоија Европската рамка на квалификации, како заедничка референтна европска рамка.

Сфаќајќи го значењето на наведениот европски документ, Република Македонија презеде одредени активности со цел да изготви рамка на квалификации, заснована на Европската рамка.

Во рамките на Темпус проектот беше дизајнирана Националната рамка за високообразовните квалификации преку прифатени нивоа, а Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 17. 11. 2010 година, ја донесе Уредбата за Националната рамка за високообразовните квалификации.

Во НРВОК опфатени се V, VI, VII и VIII ниво, а резултатите од учењето може да се измерат и поврзат едни со други на кохерентен начин. Во рамката има и поднивоа VA, VIA и Б и VIIA и Б ниво. VA ги опфаќа кратките Болоњски циклуси, VI А и Б додипломските студии, VII А и Б магистерските и VIII докторските студии. Секое ниво има по пет описа согласно Болоњската декларација во смисла на знаења и разбирање, примена на знаењето и разбирањето, способност за проценка, комуникациски вештини и вештини на учење.

Истата ги дефинира односите меѓу сите дипломи што се стекнуваат во процесот на високото образовние и обуките во Македонија.

Националната рамка на високообразовните квалификации на прво место ги ставa потребите на студентите и треба да обезбеди поддршка на националната цел за „општество на доживотно учење“. Таа ќе придонесе за целосен личен развој на секој студент и социјален и економски развој на нацијата во целост.

Национална рамка за високообразо

Уредба за Националната рамка на високообразовните квалификации за РМ – ВОДИЧ

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply