Регионална конференција Даниловград 2012

Регионална конференција Даниловград 2012

Во организација на Европската Комисија, на 07 март 2012 година, во Даниловград, Црна Гора, се одржа Регионалната конференција за образование и вештини на свое обраќање имаше и министерот за образование и наука Панче Кралев. Во своето обраќање, министерот Кралев се осврна на реформите во образованието кои се превземаат во Република Македонија со посебен акцент на Националната рамка на квалификации.

Како земја кандидат за ЕУ, Република Македонија го разви образовниот систем според Стретешките насоки на Европа, кои се однесуваат на обезбедување на квалитет и достапност до различните форми на образование до сите граѓани. Република Македонија, прави напори и спроведува реформи на сите нивоа од образовниот систем, започнувајќи од предучилишно образование, продолжувајќи во основното и средното, вклучувајќи го стручното образование и обука, високото како и образованието на возрасните, истакна министерот Кралев.

На крајот во обраќањето министерот Кралев потенцира дека во процесот на развој на рамката на квалификации, беа вклучени државните и приватни универзитети, студентите, Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, Министерството за труд и социјална политика, стопанските комори, синдикатите и други, се со цел зголемување на транспарентност на самиот процес и можност за зајакнување на дијалогот и довербата меѓу деловниот, академскиот сектор и националните авторитети.

Како резултати на партиципативниот процес, Рамката беше воспоставена со Уредба за националната рамка за квалификации во високото образование, усвоена од страна на Владата на Република Македонија во 2010 година.

На конференцијата присуствуваа министри и државни секретари од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и од земјата домаќин Црна Гора, како и високи претставници од ЕУ предводени од г-динот Јан Трушчински, генерален директор на Генералниот директорат за образование и култура на Европската Комисија.

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply