Определување на нивото на квалификациите во траење од 4 години во стручното образование и обука

Определување на нивото на квалификациите во траење од 4 години во стручното образование и обука

Во рамки на процесот на референцирање на МРК во однос на ЕРК на 17 и 18 декември 2015 година во организација на Министерството за образование и наука и Европската фондација за обука/ ЕТФ се одржа работилница на тема: Анализа на квалификации и развој на влезни материјали за методологијата за утврдување на нивоата на квалификации.
На првиот дел од работилницата учествуваа работодавачи, наставници од средните стручни училишта, претставници од Високото образование, претставници од Центарот за стручно образование и обука, Агенцијата за вработување и Министерството за образование и наука. Работилницата претставуваше продолжување на започнатите активности за определување на нивоата во МРК на 3 квалификации во траење од 4 години во стручното образование и обука, користејќи Клучни резултати од учењето и изготвување на заеднички пристап кон Методологијата за определување на нивоата.

На работилницата беа презентирани елементите на методологијата за определување на нивоата на квалификации и фазите во процесот: минимални услови за определување на нивоата, компетенции на експертите за определување на нивоата, бројот на експертите, организирање на процесот како и презентирање на резултатите.

На вториот дел од работилницата присуствуваше поширока група на учесници: претставници на работодавачите, организации на работодавачи, претставници на средните стручни училишта, високото образование, Центарот за стручно образование и обука, Министерството за образование и наука и Агенцијата за вработување. Присутните беа запознати со политиките што се засноваат врз квалификации во Република Македонија, концептот на рамка на квалификации , процесот на референцирање и самореференцирање и определување на нивоата засновани на концептот на резултати на учење и клучни резултати на учење.
Работилницата беше водена од ЕТФ експертите Едуарда- Кастел Бранко и Војчех Стечли.
Заменик директорот на ЦСОО, Роберт Горгиев, Нада Стоименова од МОН, Бранко Алексовски, Ардијана Палоши, Лепа Трпческа, Елизабета Радановиќ- Јовановска и Чедомир Димовски од ЦСОО, со своето поздравно обраќање, презентирање, водење и модерирање на работилницата придонесоа за успешно спроведување на зацртаните цели на работилницата.

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply