Во присуство на различни преставници од образовните институции, работодавачи, комори, членови на Националниот одбор за Македонската рамка на квалификации и експерти од твининг проектот ,,Понатамошен развој и имплементација на Националната рамка на квалификации,, , на 20 јуни, во просториите на ЕУ Инфо Центарот, се одржа втора дебата за нацрт тектот на Прирачникот за прилагодување на постојните квалификации согласно барањата на Националната рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации.
Целта на дебатата беше презентирање и дискусија по однос на содржината на Прирачникот за прилагодување на постојните квалификации според барањата на Националната рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации. Прирачникот претставува збир на информации за насочување на стручните лица ангажирани да го спроведуваат процесот на прилагодување на одредени постојни квалификации според барањата на НРК и ЕРК.
Од страна на експертите Хорациј Дебовски, Емилија Дановска- Флоржак, Агата Почманска и Станислав Славински беа презентирани барањата на Евопската рамка на квалификации во насока на прилагодување на постојните квалификации, двете фази на прилагодување и листата за проверка при анализирање на постојните квалификации. Процесот на прилагодување на постојните квалификации се состои од две фази:
I. Анализата на постојните квалификации со цел да се изменат во зависност од барањата на НРК и ЕРК, која вклучува Листа за проверка, како алатка за насочување на експертите низ процесот.
Листата за проверка се состои од 15 тематски области групирани во 3 главни делови:
• општи информации за квалификацијата,
• резултати од учење и оценување и
• институционални аспекти.
II. Воведување на соодветните измени – процес на прилагодување, Истовремено во процесот на прилагодување се одредува и нивото на квалификацијата во НРК според описите на нивоата (резултатите од учењето).
Дебатата беше отворена од страна на преставникот на Делегација на Европската унија во Скопје, Софи Беламонт, и Наташа Јаневска, државен советник во МОН, која зборуваше за важноста на Прирачникот за стручните лица кои ќе вршат прилагодување на постојните квалификации согласно барањата на Националната рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации за да можат да се вклучат во Регистерот за квалификации. Таа потенцираше дека прилагодувањето на постојната квалификација не подразбира развивање нова квалификација, менување на идентитетот на квалификацијата, или подобрување на содржината и текстот на квалификацијата, туку се врши прилагодување според барањата на НРК и ЕРК. Исто така, истакна, дека Листата за проверка која е во прилог на Прирачникот беше тестирана, во рамките на две работилници, на две постојни квалификации: квалификацијата – туристички водич и квалификацијата – мајстор.
About the author