За понатамошната имплементација на Националната рамка на квалификации покрај процесот на осигурување на квалитетот, постојано мора да се реализираат активности за подигање свеста за придобивките од Националната рамка на квалификација со кои ќе бидат опфатени различни чинители, но истовремено и да се запознаат кои се националните приоритети на кои треба да се фокусираме за одржливост на рамката на квалификации. За таа цел, Министерството за образование и наука во рамките на Твининг проектот ,,Понатамошен развој и имплементација на Националната рамка на квалификации,, на 23 февруари 2017 година, во просториите на филозофскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје се одржа конференција за подигање на свеста за НРК на тема: ,,НРК – национални перспективи,,
На конференцијата учествуваа национални и меѓународни експерти од Полска и Австрија. Државниот советник во МОН и координатор на целиот процес за Националната рамка на квалификации, Наташа Јаневска, зборуваше за улогата, структурата, процесите и телата на МРК, нејзините корисници, и ги престави националните перспективи за понатамошен развој на МРК, опишани во Патоказот за понатамошен развој на МРК. Патоказот за МРК беше изготвен и презентиран пред членовите од Советодавната група за ЕРК при ЕК во Брисел на 7 февруари 2017 со цел да се покаже дека нашата држава е фокусирана на понатамошната имплементација на НРК за што се обврзавме по усвојувањето на Извештајот за поврзување на НРК со ЕРК минатата година на состанокот на Советодавната група за ЕРК при ЕК во Брисел.
Патоказот е резултат на комуникација и соработката на различни чинители цела една година и се состои од 8 работни пакети:
РП 1: Концептуална рамка
РП2: Институционална поставеност на МРК и вклученост на заинтересираните страни
РП 3: Примена на резултатите од учењето
РП 4:Развој и примена на системот за валидација на неформалното и информалното учење
РП 5: Вклучување на квалификациите во МРК
РП 6: Осигурување на квалитет
РП 7: Легислатива
РП 8: Следење и Осигурување на квалитет во примената на Патоказот
Во работните пакети се опишани активностите кои треба да се реализираат, чинителите кои ќе ги реализираат и временската рамка кога ќе се реализираат и пред се, кои се резултатите од нивната реализација.
Проф. Ева Смилетска го објасни значењето на Извештајот за поврзување на НРК со ЕРК и улогата на Советодавната група за ЕРК при ЕК во целиот квалификациски ситем.
Проф. Томас Волски дискутираше за нови пристапи и методи во системот на образование со цел да се постигнат резултатите од учење и проверката дали се постигнати резултатите од учење преку процесот на оценување, додека експертот од Австрија, Едуард Стаудекер, го претстави дуалниот систем во образованието кој постои во Австрија и значењето на практичната работа која се изведува во компанија или на работно место.
Во вториот дел од конференцијата се дискутираше за потребата од изготвување на Терминолошки речник за НРК, бидејќи одредени нејаснотии околу системот на квалификации произлегуваат од различно толкување на еден ист поим или погрешно дефинирање на називите на квалификациите. Во панел дискусијата која се организираше учествуваа преставници од различни образовни институции и рабородавач кои беа фокусирани на три прашања:
Dozivotno ucenje bazirano na LO_TW
NRK_Nacionalni perspektivi_NJ
Obrazovanie i obuka bazirano na kompetencii_ES
Patokaz za implementacija na MRK_ES
About the author