Обуки за користење на Регистарот на Националната рамка на квалификации

Обуки за користење на Регистарот на Националната рамка на квалификации

Во рамките на ИПА Проектот ,,Набавка на опрема за Националната рамка на квалификации – Менаџмент и информациски систем за потребите на Министерството за образование и наука (EuropeAid/137628/IH/SUP/MK) во периодот од 21 до 23 ноември 2017 беа одржани 3-дневни обуки за користење на Регистарот на Националната рамка на квалификации. На обука учествуваа претставници од Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасните и по еден претставник од Секторските комисии за квалификации. Обуката ја држеше Емилија Кермичиева, претставник од фирмата АСЕКО, кои исто така го дизајнираа Регистарот за НРК.

На обуката беше претставен изгледот на Јавниот портал и Административниот дел.

Јавниот портал  има неколку секции со цел едноставен и брз преглед на информациите. Горното мени се состои од неколку делови:

  • Дома – стандарден линк којшто води до главната страна;
  • ЗА НРК – дел каде што можат да се најдат сите потребни информации за НРК;
  • НРК КАТАЛОГ – дел каде можат да се најдат подетални објаснувања за нивоата, обемот, секторите на квалификации и други основни информации;
  • НРК РЕГИСТАР – дел кадешто има преглед на Регистарот на Стандарди на квалификации и
  • НРК ЗА КОРИСНИЦИ – дел за корисниците, мислење, документација, поднесување барање за нов Стандард на квалификација и сл.

Во административниот сел се дефинирани улогите во системот:

  • Клиент,
  • Раководител на одделението за НРК,
  • Одговорно лице/ член на одделението за НРК,
  • Координатор на Секторска комисија за квалификации,
  • Член на Национален одбор на МРК,
  • Член на Одбор за акредитација и евалуација и
  • Административно техничко лице.

На обуката се презентираа процесите за впишување на Стандардот на квалификација во Регистарот почнувајќи од поднесено барање за одобрување и впишување на Стандардот во Регистерот, проследување до Секторските комисии за квалификации и Националниот одбор за МРК, одобрување и впишување на Стандардот во Регистарот на квалификации.

Учесниците на обуката  добија Корисничко упатство за Регистарот на НРК за полесно користење на истиот.

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply