Со воведувањето на Националната рамка на високообразовни квалификации во 2010 година, студиските програми со кои се стекнуваат високообразовни квалификации од прв, втор и трет циклус на студии се засноваат на резултати од учење. Главна особеност на резултатите од учењето е нивната читливост и употребливост од страна на сите корисници на квалификациите, носителите, надлежните органи, работодавачите.
Со поврзувањето на Македонската рамка на квалификации со Европската рамка на квалификации во февруари 2016 година и самопотврдувањето на Националната рамка на високообразовни квалификации со Европската рамка на високобразовни квалификации, постигнавме високообразовните квалифификации кои се издаваат во Македонија да бидат прeпoзнатливи по сите димемзии: ниво, волумен, профил, оценување на постигнувањата, обезбедувањето на квалитет.
Насоките кон кои се движат препораките од Болоњскиот процес бараат од нашиот високообразовен систем да развива и нуди квалификации кои ќе ги исполнуваат сите барања за да бидат запишани во Националниот регистар на квалификации и со тоа да бидат поврзани со релевантните бази на европско ниво, а пред се ESCO, Ploteus и другите портали.
Препознатливи се и тенденциите за сѐ поизразено користење на Националните рамки на квалификации и во постапките на признавања на високообразовните квалификации. Основа за успешност на сите овие процеси и нашата вклученост во нив е поседување на препознатливи, читливи и употребливи резултати од учење на квалификациите и студиски програми кои по својот дизајн, содржина, оценување и систем за осигурување на квалитетот ќе обезбедат нивно постигнување со доверливост во која ќе биде исклучен секаков сомнеж од страна на сите корисници на квалификациите.
Во таа насока Министерството за образование и наука, со поддршка на Британскиот Совет во РМ, на 27 јануари 2017 организираше еднодневна работилница на тема: Резултатите од учењето во студиските програми, на која се разгледуваше ефикасното и функционално креирање на разултатите од учење со цел тие да се унапредат и усогласат со барањата на критериумите и нивната целисходност
Со работилницата беа опфатени економскиот, филозовскиот, филолошкиот, електротехничкиот и машинскиот факултет при Универзитетот ,,Кирил и Методиј,, Скопје и тоа професорите, продеканите за настава, координаторите за ЕКТС кои ги дизајнираат студиските програми врз основа на резултатите од учење, и членовите на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование и Националниот одбор за МРК кои ќе ги одобруваат студиските програми и квалификациите.
Работилницата ја водеше експертот од Хрватска, проф. Миле Џелалија, кој истакна дека добро напишаните резултати од учењето се јасни, разбирливи и транспарентни за сите, и за студентите и за родителите, на кои им е потребно да знаат каква квалификација стекнуваат и што се очекува да знаат, да прават и кои компетенции ги имаат, за професорите, да можат полесно да ги оценуваат и проверуваат студентите дали ги постигнале резултатите од учењето, а посебно за работодавачите, да имаат јасна слика за личноста што ќе ја вработаат каква квалификација има стекнато.
Следната работилница ке се одржи на 28 февруари на која ќе се дебатира врз основа на практичните примери кои се изработуваа.
About the author