да воспостави систем на вреднување на различни квалификации во рамките на целокупниот систем на квалификации;
да го поттикне и развива учењето во текот на целиот живот (доживотно учење);
да ги покаже јасните врски меѓу различните делови на образовниот систем;
да укажува на проодноста и напредувањето (хоризонтално и вертикално) низ и во рамките на сите видови на образование и обука (формално, неформално и информално);
да овозможи меѓународна споредливост на квалификациите;
да го промовира значењето на клучните и стручните компетенции;
да обезбеди мобилност на учесниците во процесот на образованието и обуката, како и вклучување на пазарот на труд на национално и меѓународно ниво;
да се создаде единствен систем за управување со квалитетот;
да го изедначи квалитетот на понудувачите на услуги;
да обезбеди соработка на сите заинтересирани страни;
да обезбеди усогласеност со економско социјалните и културните потреби на Републиката и
да биде дел од системот во корелација со развојот на активностите на Европската рамка на квалификации.