Во изминатите 10 години Македонија работеше на еден исклучително значаен процес, кој во суштина е еден од предусловите на патот кон интеграција во Европската Унија. Креирана е Национална рамка на квалификации, како национален стандард за регулација на стекнувањето и користењето на квалификациите и истата во 2016 година се усогласи со европскиот стандард, со што како држава ги исполнивме препораките на Европскиот парламент и на Советот од 23 април 2008 година за воспоставување на Европската рамка на квалификации за доживотно учење, на национално ниво.
Со голем ентузијазам и посветеност на повеќе институции и органи, координирани од Министерството за образование и наука и тоа преку Одделението за Националната рамка на квалификации, Националниот одбор за НРК и повеќе Секторски комисии, се постигна поставената цел. Државата доби значаен инструмент за комуникација и реформи и алатка за доверба и поддршка на креаторите на политиките, на работодавачите, учесниците во процесот на учење, родителите, носителите на квалификации и останатите чинители во градењето на системот на квалификации.
Националната рамка на квалификации продолжува да се развива, а од особена важност е придонесот на тимот во рамки на Твининг проектот финансиран од ЕУ за Понатамошна имплементација на Националната рамка на квалификации, со чија експертиза и пренесување на добри практики и искуства од други земји, ја подобруваме транспарентноста и препознатливоста на квалификациите во Република Северна Македонија и ЕУ.
Чест и задоволство ни претставува да Ве поканиме на Конференцијата по повод „10 години Национална рамка на квалификации“, со која уште еднаш ќе ја потврдиме заложбата за развој на квалитетен национален стандард за стекнување и користење на квалификациите. Ќе се осврнеме на придобивките од НРК, на поважните достигнувања во оваа област во изминатата деценија, а ќе го презентираме и планот за понатамошно делување. Конференцијата е од меѓународен карактер и од особена важност ќе биде сите ние заедно да ги слушнеме искуствата и препораките на истакнати експерти од областа, од земјите во Европската Унија.
Министерот за образование и наука, г-динот Арбр Адеми, денес на 5-ти декември, ја отвори и претседаваше со Конститутивната седница на Одборот за Националната рамка на квалификации. Во своето поздравно обраќање, министерот им го честита именувањето на членовите и им посака пријатна и успешна работа. Read More
На 3 и 4 јули 2018 година, во Берлин, Германија, се одржа регионалната конференција ,,Нова динамика во техничкото и стручното образование во Западен Балкан“ на која присутвуваа министрите и замениците министри од земјуите од Западен Балкан.
Настанот беше во организација на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), со цел да се продолжи со поддршката на стручно образование и обука, како еден од приоритетите на Берлинскиот процес, започнат во 2014 година.
На конференцијата присуствуваше и Министерот за образование и обука, Арбер Адеми, и во своето излагање истакна дека стручното образование и обука мора да биде пофлексибилно кога е во прашање неговото прилагодување кон потребите на пазарот на трудот, бидејќи само така ќе се создаваат ученици со соодветни знаења, вештини и компетенции, кои ќе можат да одговорат на барањата на работодавачите и полесно да се вработаат и ќе овозможи доквалификација или преквалификација.
Министерот Адеми ја нагласи важноста на унапредување на квалитетот во стручното образование и обука преку донесување на стандарди и процедури, стандарди на занимања и стандарди на квалификации во соработката со бизнис заедницата во секој сегмент од образовниот процес, но и модернизирање на наставните програми и наставниот процес, посебно воведувањето на модуларните наставни програми кои се засноваат на резултатите од учење и оценување на резултатите од учењето за стекнување на нови квалификации.
Сите овие новини кои се преземаат се во насока на одржливост на Националната рамка на квалификации во Република Македонија како алатка за воспоставување на рамнотежа помеѓу образованието и обуката и пазарот на труд.
Националниот одбор за Македонската рамка на квалификации на својата деветта седница, одржана на 19 јули 2018 година, усвои 36 квалификации и донесе одлука за нивно распоредување на нивоа во Македонската рамка на квалификации.
Квалификациите беа изработени во соработка со работодавачите според направената анализа на потребите на пазарот на труд и разгледани од членовите на петтте Секторски комисии за квалификации според секторите на кои припаѓаа: Сектор за туризам и угостителство, сектор за лични услуги, Сектор за електортехника, Сектор за градежништво и геодезија и Сектор за хемија и технологија.
Во периодот од 11 до 15 декември, со поддршка од Евопската тренинг фондација и Центарот за образование на возрасните, се одржа петдневна обука на 14 лица за проценувачи во фазата на проценка од процесот на валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ). Обуката имаше за цел да придонесе во организирање на пристапот и градење на капацитетите за спроведување на квалитетна и валидна проценка во рамките на процесот на ВНИУ. Ваквиот фокус претставува придвижување – од рефлексија, подигање на свесноста и концептуализирање до конкретна проверка на процесот и натамошни практични чекори. Ова поместување во целост ја одразува визијата на Центарот за образование на возрасните (ЦОВ) и аспирациите за придвижување на процесот на ВНИУ, фокусирајќи се на процеси и методи за проценка со осигуран квалитет.
Процесот на ВНИУ е дел од принципите и целите на Националната рамка на квалификации за изградба на систем на вреднување на неформалното и информалното учење и затоа фокусот е ставен на осигурување на квалитет на целиот процес и стекнување на дел од квалификација или квалификација која ќе биде дел од Регистарот на Националната рамка на квалификации.
Учесниците во обуката беа обучувани од страна на интернационален експерт, Ани Картунен (Anni Karttunen), и национален експерт, професорот Огнен Спасовски, а беа избрани од разни институции кои ќе бидат вклучени во процесот на валидација (преставници од МОН, ЦОВ, ЦСОО, коморите, Центарот за доживотно учење и отворените граѓански универзитети за доживотно учење), врз основа на дефинирани критериуми.
Програмата за обука комбинираше различни активности на учење прилагодени на целта, вклучувајќи и практични вежби и вистински случаи на проценка. Дел од Програмата беше и само-проценка од страна на лицата кои се обучуваа, како и развој на индивидуални развојни планови за натамошно учење.
На крајот од обуката учесниците се здобија со сертификат во кои беа дефинирани резултатите од учење кои ги постигнаа во текот на обуката работејќи на групните и индивидуалните задачи.
Ø Добро ги познаваат и владеат со предусловите поврзани за ВНИУ во Република Македонија;
Ø Професионално и ефикасно ги применуваат задачите поврзани со нивната улога како ВНИУ обучувачи за проценувачите;
Ø Го спроведуваат процесот на ВНИУ во соработка со други ВНИУ практичари и релевантни чинители;
Ø Даваат точни и аналитични повратни информации за процесот на ВНИУ со цел тој да се унапредува и
Ø Независно го одразува ВНИУ процесот од гледна точка на индивидуален кандидат за валидација.
Значењето на V-тото ниво од Националната рамка на квалификации и недоумицата што се јавува дали квалификациите на ова ниво се дел од стручното или од високото образование, кога станува збор за квалификации кои обично се поврзани со специфични занимања, беа тема на дводневната конференција што се одржа на 7 и 8 јуни 2018 година, во Торино.
На конференцијата, организирана од Европската тренинг фондација во соработка со Советот на Европа учествуваа повеќе од 60 креатори на политики, работодавачи, едукатори, експерти, претставници на ЕУ и социјални партнери од цела Европа (од Белгија, Холандија, Франција, Германија, Финска) и 14 од земјите-партнери на ЕТФ (од Северна Африка, Средниот Исток, Турција, Балканот, Источна Европа и Централна Азија).
Конференцијата ја отвори, директорот на ЕТФ, Ксавиер Матју де Кортада, кои истакна дека Националните рамки на квалификации, каде што се дефинирани нивоата на квалификации (обично од 1 до 4 во стручното образование и обука и од 6 до 8 во високото образование), се совршена алатка за обезбедување квалитетни и препознатливи вештини за пазарот на труд. Овие квалификации можат да ги поттикнат граѓаните за доживотно учење, признавање и мобилност во и низ земјите.
Жан-Филипе Рестуи, од Советот на Европа, зборуваше за недоумицата која постои за припадноста на овие квалификации на стручното или високото образование и истакна дека заедничката пречка за ниво V сепак е “комплицираниот” однос помеѓу високото и стручното образование и потребно е да се изгради мост на доверба.
На настанот учествуваа и преставници од Македонија, Наташа Јаневска, државен советник во Министерството за образование и наука и координатор на процесот за имплементација на Националната рамка на квалификации и Бојана Политова, советник за соработка со социјални партнери и државни органи од Центарот за стручно образование и обука кои дадоа приказ на сегашната состојба со квалификациите на V-то ниво од Македонската рамка на квалификации и идни активности за редизајнирање на квалификациите на V-то ниво според европските барања и препораки. Се потенцира дека досегашните квалификации на V-то ниво од Македонската рамка на квалификации се дел од стручното образование и обука, но следуваат активности за развивање квалификации кои ќе бидат дел од високото образование за V-то ниво, за кратките циклуси според Болоња процесот.
Во рамките на започнување на процесот за формирање на Секторските комисии за квалификации, во ЕУ Инфо Центарот, на 8 јуни, се одржа работилница со преставници од работодавачите од различни сектори. Работилницата ја отвори претседателот на Националниот одбор за Македонска рамка на квалификации, Борчо Алексов, кој ја нагласи важноста на работодавачите во целиот процес на квалификации и формирањето на Секторските комисии за квалификации. Тој потенцираше дека Секторските комисии за квалификации како стручни тела ќе вршат анализа на состојбата и тенденциите на пазарот на трудот, ќе ги анализираат постојните квалификации, ќе ги идентификуваат потребите за сите видови на квалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот и општеството во целина, ќе предлагаат квалификации, ќе разгледуваат предлози за воведување на нови квалификации, ќе даваат мислење за усогласеноста на стандардите на занимањата/стандардите на квалификации со испитните програми, ќе формираат комисии за оценување и потврдување на резултатите од учењето (знаења, вештини и компетенции) во неформалното образование и обука, и ќе ги промовираат секторите на квалификации и можностите за вработување во нив.
Целта на работилницата беше да се разгледаат нацрт-сетот на упатства за Секторските комисии за квалификации, вклучувајќи и предлози како да се спроведе процесот на прилагодување на постоечките квалификации за 16-те сектори на квалификации дефинирани во Законот за Национална рамка на квалификации.
Со поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ, а во насока на засилување на меѓусекторската соработка помеѓу релевантните институции во делот на предучилишното образование, на 23 август 2018 беше одржан консултативен состанок за изработка на Стандард на квалификации воспитувач, каде што ќе се дефинираат компетенциите за воспитувачи во установите за деца. Врз основа на Стандардот за квалификација ќе се изработат модули за обуки базирани на резултати на учење и критериуми за постигнатоста на резултатите на учење.
На состанокот, од страна на државниот советник во МОН, г-ѓа Наташа Јаневска, се презентираше структурата и значењето на Националната рамка на квалификации, со посебен осврт на разликата помеѓу квалификацијата, како формален резултат по процесот на учење и оценување, и Стандардот на квалификација, како и разликата помеѓу Стандард на занимање и Стандард на квалификација. Во продолжение на состанокот се презентираше постапката како се пополнуваат елементите од Стандардот на квалификација.
На состанокот присуствуваа преставници од повеќе институции: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, професори од високообразовните институции и преставници од УНИЦЕФ.
Признавањето на високообразовните квалификации беше една од темите на седмиот министерски состанок кој се одржа на 25 и 26 јуни 2018, во Брисел, организиран од Европската комисија во рамки на Платформата за образование и обука на земјите од Западен Балкан.
На состанокот присуствуваше и министерот за образование и обука, Арбер Адеми, кој во своето обракање истакна дека признавањето на високообразовните квалификации стекнати во странство, во законската и подзаконската регулатива, е усогласено со препораките кои произлегуваат од Болоњскиот процес и Европската област на признавање на квалификации. Признавањето на академските и професионалните квалификации се врши од страна на ЕНИК –НАРИК Центарот, со што се поедноставува постапката за признавање на квалификации, со цел истата да биде ефикасна и без непотребни трошоци за барателот за признавање на квалификација.
На состанокот се усвоија клучните принципи за признавање на академските квалификации кои ќе претставуваат основа на моделот на автоматско признавање на академски квалификации:
Признавањето на академските квалификации треба да се заснова на транспарентни и фер процедури усогласени со Лисабонската Конвенција за признавање на странски квалификации;
Признавањето на академските квалификации зависи од довербата во системите за високо образование врз основа на обезбедување на квалитет и акредитација, усогласени со европските стандарди и упатства за осигурување квалитет;
Признавањето на процедурите за академските квалификации зависат од добрата соработка, брзата, сигурна и објективна размена на информации помеѓу ENIC / NARIC и телата за обезбедување на квалитет.
На патот кон понатамошна имплементација на НРК – завршна конференција на проектот “Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации”
На 10 октомври 2017 се одржа завршната конференција на твининг проектот ,,Подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации,, на која присуствуваше Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска. Покрај министерката Дескоска, свои обраќања имаа и амбасадорите на Република Хрватска, Н.Е. г-ѓата Данијела Баришиќ, и Република Полска односно Н. Е. г-динот Јацек Мултановски, како и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-динот Никола Бертолини.
Во своето обраќање, министерката Дескоска истакна дека сите вклучени во образовниот процес, но и во реформите во образованието треба да бидат свесни дека квалитетот на образованието е примарна цел и инструмент за градење доверба. “Само стандард кој гарантира квалитет може да биде почитуван и релевантен. Затоа во градењето квалификации нам ни е потребно тие да гарантираат квалитет и споредливост за да бидат препознаени во меѓународен контекст“, потенцираше министерката Дескоска.
На денешниот настан се обрати и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-динот Бертолини кој истакна дека квалификациите единствено имаат вредност доколку образовната заедница, работодавачите и општеството имаат доверба во стандардите на знаење, вештините и компетенциите поврзани со квалификациите.
Овој проект ќе придонесе за понатамошна имплементација на Националната рамка на квалификации, која е поврзана со Европската рамка на квалификации. Како таква, НРК претставува значаен инструмент за креирање политики за промовирање на мобилноста и доживотното учење како на национално, така и на европско ниво и има одлучувачка улога во подобрување на транспарентноста на националните квалификации, подобрување на квалитетот на квалификациите и нивната важност на пазарот на труд, иницирање на реформи во образовните политики и засилена комуникација со сите чинители, и проширување на можностите за признавање на претходното учење во рамките на системот на квалификации.
Г-ѓа Наташа Јаневска, национален проектен лидер и координатор на процесот за имплементација на НРК во МОН, истакна дека главната цел на проектот беше хармонизација на законската регулатива со НРК, користење на квалификациите и поддршка на зајакнувањето на националните капацитети за ефикасно функционирање на системот за Националната рамка за квалификации во нашата земја, како двигател на реформата на образовната политика, подигнување на квалитетот на квалификациите и нивната релевантност на пазарот на работна сила и како инструмент да ги направи квалификациите појасни, да го олесни признавањето на резултатите од учење, да обезбеди меѓународно препознавање и признавање на квалификациите, да обезбеди мобилност на учесниците и работната сила на национално и меѓународно ниво и што е најважно да создаде единствен систем за управување со квалитет.
,,Во период од 22 месеци колку што се реализираше овој проект, истакна г-ѓа Јаневска, се создаде платформа за соработка, зеаднички пристап кон активностите, беше зголемена видливоста на НРК и фокусот се стави на детектираните предизвици. Искуства од странство беа подлога за инспирација за понатамошната имплементација на НРК, а преку изработениот Патоказ за имплементација на НРК покажуваме дека го јакнеме на процесот за НРК и насочени сме кон негова одржливост,,
. На конференцијата свои обраќања имаа и проекните лидери од земјите членки г-ѓа Агнешка Клон Доминчак од Република Полска, г-ѓа Ален Понтон од Шкотска и г-ѓа Ана Тецилажиќ Горшиќ кои зборуваа за искуството стекнато во нашата земја работејќи со сите чинители во процесот на имплементација на НРК и дадоа свои препораки за одржливоста на НРК.
На крајот од конференцијата се доделија и сертификати за Главни обучувачи за НРК, квалификација која беше развиена во самиот проект и го помина целиот процес на осигурување на квалитет почнувајќи од дизајнирање на Стандард на занимање – Обучувач, Стандард на квалификација и Програма за учење за стекнување на квалификацијата, обука која започна транспарентно со оглас, критериуми за влез на обуката, учество во обуката (посветеност од страна на учесниците, домашни задачи), интернационални обучувачи, процес на оценување – практичен испит и подготовка на портфолио, комисија за оценување (национални и интернационални оценувачи) и стекнување на јавен документ.