Квалификација е формален резултат од процесот на оценување и потврдување којa се стекнува, кога надлежна институција ќе потврди дека поединецот ги има постигнато резултатите од учење, согласно утврдени стандарди.
Документ кој го одредува потребното знаење, вештини и компетенции кои поединецот треба да ги поседува за да биде способен да изведува работни задачи, должности и функции во рамките на занимањето.
Документ кој содржи стандардизиран опис на квалификацијата и клучен дел од содржината и структурата на квалификацијата на одредено ниво која ги вклучува сите информации потребни за одредување на нивото, обемот и припадност на одреден сектор на квалификацијата, како и податоци потребни за обезбедување и промовирање на вискок квалитет на квалификацијата.
Јавниот документ е доказ за стекната квалификација и се издава од овластена институција.
За стекната образовна квалификација се добива:
– свидетелство за завршено основно образование за I ниво на квалификација;
– диплома за II ниво, III ниво, IV ниво, VБ ниво, VIА и Б ниво, VIIА и Б ниво и VIII ниво и
– уверение за Vа ниво
За стекната стручна квалификација се добива сертификат.
Потврдите се стекнуваат по завршување на курсевите кои се осмислени да му овозможат на
учесникот стекнување специфични знаења, вештини и компетенции коишто одговараат на
општествените, личните, културните или потребите на пазарот на трудот.