Обемот претставува вкупно потрошено време, потребно за стекнување на одредена квалификација.
Обемот на квалификациите се определува со број на кредити, којшто е цел број, а најмал број на кредити што може да биде доделен е еден кредит.
Со кредитот се мери оптоварувањето на учесникот кој што учи со оглед на времето кое е потребно за стекнување една квалификација, односно за остварување на резултатите на учењето.
- Во високо образование се применува ЕКТС (Европски кредит трансфер систем и акумулирање). Еден ЕКТС кредит опфаќа 30 работни часа потребни за стекнување одредени резултати од учењето.
- Во стручното образование се применува ЕКССОО (Европскиот кредит систем за стручно образование и обука). Еден ЕКССОО кредит опфаќа 25 работни часа потребни за стекнување на одредени резултати од учењето.
- МКСОО (Македонски кредит систем за општо образование) се применува во основното образование, гимназиското образование и општообразовните предмети во стручното образование и обука. Еден МКСОО кредит опфаќа 25 работни часа потребни за стекнување на одредени резултати од учењето. Еден МКСОО кредит во стручното образование и обука одговара на еден ЕКССОО.
- За квалификациите кои се стекнуваат врз основа на оригинални научни или уметнички истражувања просечното вкупно потрошено време се искажува со бројот на годините на истражување на работното место.
- Обемот на потврдите се одредува до најмногу 5 ЕКТС односно ЕКССОО кредити.
Обемот на квалификациите за ниво на образование се одредува со најмалку 60 кредити што одговара на една учебна, односно студиска година.