Што е НРК?

Национална рамка на квалификации (НРК)

Национална рамка на квалификации (НРК) е инструмент за воспоставување на систем на квалификации стекнати во одредена земја, со кој се дава основа за стекнување на квалификации, проодност и квалитет на квалификациите.

Македонската рамка на квалификации е задолжителен единствен меѓународно препознатлив опис со кои се опишуваат сите меѓусебно поврзани квалификации и резултати од учење и се определуваат односите меѓу квалификациите.

  • единствена, целосна и системски уредена структура за развивање, класификација ,споредување и признавање на стекнатите квалификации;
  • јасна врска помеѓу различните видови и нивоа на квалификации;
  • јасен преглед на начинот на стекнување наквалификациите;
  • средиште за комуникација на сите засегнати општествени чинители;
  • визија за креирање нови квалификации и
  • визија за реформи на системот за образованието и обуката.