Органи и тела на НРК

Надлежни органи:

  • НАЦИОНАЛЕН ОДБОР ЗА МАКЕДОНКАТА РАМКА НА КВАЛИФИКАЦИИ:

    • врши процена на политиките за образование за вработување, доживотно професионално насочување и регионален развој од аспект на развој на човечкиот потенцијал и негов придонес во зголемување на конкурентноста на Република Северна Македонија;
    • дава препораки за подобрување во поврзувањето на образованието со потребите на пазарот на трудот;
    • вреднува/евалуира и одобрува стандарди на квалификација за основно образование, основно балетско и музичко образование и стандарди на квалификација за средно образование (гимназиско и уметничко образование);
    • одобрува Стандард на квалификација за образовни програми во стручното образование и за програмите за образование на возрасни кои се развиваат врз основа на стандардите на занимања со позитивно мислење на Секторските комисии за квалификации;
    • дава препораки до Центарот за развој на образование и обука за подобрување или изменување на Стандардот на квалификација врз основа на оценката во Извештајот од соодветната секторска комисија од евалуацијата на Стандадот на квалификација;
    • одобрува Стандард на квалификација предложен од правни лица, развиен врз основа на стандардите на занимања, по позитивно мислење на Секторските комисии за квалификации;
    • одобрува програми и курсеви за стручно и професионално усовршување, изработени од страна на високообразовните институции и високите стручни школи следејќи ги барањата од образецот на Стандардот на квалификација;
    • одобрува организации, здруженија, претпријатија, кои во соработка со образовна установа која спроведува соодветен систем за обезбедување на квалитет, изведуваат курсеви и доделуваат потврди од стекнати микроквалификации;
    • донесува одлуки за распоредување на квалификациите во Македонската рамка на квалификации;
    • соработува со телата за квалитет во високото образование за називите на високообразовните квалификации и нивно вклучување на соодветно ниво во Регистарот на НРК;
    • донесува одлуки за распоредување на високообразовните квалификации во Македонската рамка на квалификации, врз основа на предлогот од телата за квалитет во високото образование;
    • предлага развивање и унапредување на квалификациите до надлежните институции;
    • донесува одлуки за усогласување на постојните квалификации со Македонската рамка на квалификации;
    • го следи развојот на Македонската рамка на квалификации во целина и утврдува постапка за обезбедување на квалитет на Македонската рамка на квалификации;
    • усвојува методологија за развој на стандарди на занимања и стандарди на квалификации;
    • усвојува методолошки документи за евалуација на стандардите на квалификации;
    • усвојува методолошки документи за класифицирање на квалификациите;
    • формира секторски комисии за квалификации;
    • утврдува соодветни критериуми за работата на секторски комисии за квалификации и дава насоки за нивното работење;
    • одлучува за дефинирање на потсекторите, областите и подобластите во рамките на секторите на квалификации,
    • разгледува и усвојува извештаи доставени од секторските комисии за квалификации и
    • дава препораки за работењето на секторските комисии за квалификации, врз основа на доставените извештаи.

 

  • ЧЛЕНОВИ НА НАЦИНАЛНИОТ ОДБОР:

    По еден претставник назначен од:

    • Министерството за економија и труд;
    • Центарот за развој на стручно образование и обука;
    • Центарот за образование на возрасните;
    • Бирото за развој на образованието;
    • Националната агенција за европски образовни програми и мобилност;
    • високообразовна установа, кој го предлага Интеруниверзитетската конференција;
    • Стопанската комора на Република Северна Македонија, Сојузот на коморите на Република Македонија, Комората на занаетчиите на Република Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија;
    • репрезентативната организација на работодавачи;
    • Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија и
    • двајца претставници од Министерството за образование и наука;

 

  • СЕКТОРСКИ КОМИСИИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ:

    • ја анализираат состојбата и тенденциите на пазарот на трудот;
    • предлагаат квалификации за сектор/потсектор на квалификации од I до VБ ниво;
    • ги анализираат постојните квалификации;
    • вршат евалуација на стандардите на квалификации запишани во Регистарот на квалификации и поднесуваат извештај до Одборот за продолжување или престанок на важноста на стандардот и даваат препораки за подобрување или измена;
    • ги идентификуваат потребите за сите видови на квалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот и општеството во целина;
    • разгледуваат предлози за воведување на нови стандарди на занимање и подготвуваат мислење до Министерството за економија и труд за нивно усвојување;
    • разгледуваат предлози за измени на постојните стандарди на занимање и подготвуваат мислење до Министерството за економија и труд за нивно усвојување;
    • разгледуваат предлози за измени на постојните квалификации и подготвуваат мислење до Одбор,
    • разгледуваат предлози за воведување на нови квалификации и подготвуваат мислење до Одбор за распоредување на квалификациите во Македонската рамка на квалификации;
    • предлагаат приоритети во развојот на нови или дополнување на постојните квалификации;
    • даваат мислење за усогласеноста на стандардите на занимањата со стандардите на квалификации,
    • даваат мислење за усогласеноста на стандардите на занимањата/стандардите на квалификации со испитните програми
    • ги промовираат секторите на квалификации и можностите за вработување во нив и
    • доставуваат годишни извештаи за својата работа до Одборот за Националната рамка на квалификации.
  • ЧЛЕНОВИ НА СЕКТОРСКАТА КОМИСИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИИ:

    • надлежното министерство;
    • Министерството за образование и наука;
    • репрезентативна организација на работодавачи од соодветниот сектор;
    • репрезентативниот синдикат на вработените од соодветниот сектор,
    • универзитетите, кој го предлага Интеруниверзитетска конференција, според потсекторите, на работа на секторската комисија;
    • Центарот за развој на стручно образование и обука,
    • Центарот за образование на возрасните,
    • Бирото за развој на образованието и
    • коморите од соодветниот сектор или соодветното тело надлежно за регулирани професии (адвокатска комора, лекарска комора, инженерска комора и друго).

 

  • НАДЛЕЖНИ УСТАНОВИ:

    • МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА:
      • предлага развој на стандардите за квалификации согласно општествените потреби и потребите на пазарот на труд;
      • донесува програми кои се во согласност со стандардите на квалификации од Регистарот на Македонската рамка на квалификации, а во согласност со законите од областа на основно образование, средно образование, стручно образование и обука и образованието за возрасни;
      • ја поврзува Македонската рамка на квалификации со Европската рамка на квалификации и со Квалификациската рамка на Европскиот простор на високото образование;
      • ја следи примената и развојот на националните рамки на квалификации во други држави;
      • донесува подзаконски прописи со кои се уредува водењето и управување со Регистерот на квалификации и
      • ја информира јавноста за стручни прашања поврзани со Македонската рамка на квалификации.
    • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД:
      • вооспоставува и развива систем за добивање на информации за сегашните и идни потреби на пазарот на трудот и потребните компетенции;
      • собира податоци за промени на компетенциите за потребни занимања;
      • предлага развој на стандарди на занимања и стандарди на квалификации според потребите на пазарот на трудот;
      • учествува во изработката на стратешки документи и анализи за развојот на Македонската рамка на квалификации со цел аголемување на вработувањето и развој на конкурентноста на Република Северна Македонија;
      • донесува стандарди на занимања по позитивно мислење од Секторските комисии за квалификации и
      • го следи вработувањето на лица со здобиени квалификации.
    • ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА, ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ И БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО:
      • развој на квалификациите од I до V-Б ниво
    • ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ:
      • развој на квалификациите од V-А до VIII ниво