Интеграција на националните квалификации во европскиот квалификациски простор

Интеграција на националните квалификации во европскиот квалификациски простор

Признавањето на високообразовните квалификации беше една од темите на седмиот министерски состанок кој се одржа на 25 и 26 јуни 2018, во Брисел, организиран од Европската комисија во рамки на Платформата за образование и обука на земјите од Западен Балкан.

На состанокот присуствуваше и министерот за образование и обука, Арбер Адеми, кој во своето обракање истакна дека признавањето на високообразовните квалификации стекнати во странство, во законската и подзаконската регулатива, е усогласено со препораките кои произлегуваат од Болоњскиот процес и Европската област на признавање на квалификации. Признавањето на академските и професионалните квалификации се врши од страна на ЕНИК –НАРИК Центарот, со што се поедноставува постапката за признавање на квалификации, со цел истата да биде ефикасна и без непотребни трошоци за барателот за признавање на квалификација.

На состанокот се усвоија клучните принципи за признавање на академските квалификации кои ќе претставуваат основа на моделот на автоматско признавање на академски квалификации:

Признавањето на академските квалификации треба да се заснова на транспарентни и фер процедури усогласени со Лисабонската Конвенција за признавање на странски квалификации;
Признавањето на академските квалификации зависи од довербата во системите за високо образование врз основа на обезбедување на квалитет и акредитација, усогласени со европските стандарди и упатства за осигурување квалитет;
Признавањето на процедурите за академските квалификации зависат од добрата соработка, брзата, сигурна и објективна размена на информации помеѓу ENIC / NARIC и телата за обезбедување на квалитет.

About the author

asseco see administrator

Leave a Reply