Author Archive Asseco SEE

ByAsseco SEE

Меѓународна конференција 10 години НРК/Konferencë ndërkombëtare “10 – vjet Korniza Kombëtare e Kuali

Во изминатите 10 години Република Северна Македонија работеше на еден исклучително значаен процес, кој во суштина е еден од предусловите на патот кон интеграција во Европската Унија. Креирана е Национална рамка на квалификации, како национален стандард за регулација на стекнувањето и користењето на квалификациите и истата во 2016 година се усогласи со европскиот стандард, со што како држава ги исполнивме препораките на Европскиот парламент и на Советот од 23 април 2008 година за воспоставување на Европската рамка на квалификации за доживотно учење, на национално ниво.

Со голем ентузијазам и посветеност на повеќе институции и органи, координирани од Министерството за образование и наука и тоа преку Одделението за Националната рамка на квалификации, Националниот одбор за НРК и повеќе Секторски комисии, се постигна поставената цел. Државата доби значаен инструмент за комуникација и реформи и алатка за доверба и поддршка на креаторите на политиките, на работодавачите, учесниците во процесот на учење, родителите, носителите на квалификации и останатите чинители во градењето на системот на квалификации.

Националната рамка на квалификации продолжува да се развива, а од особена важност е придонесот на тимот во рамки на Твининг проектот финансиран од ЕУ за Понатамошна имплементација на Националната рамка на квалификации, со чија експертиза и пренесување на добри практики и искуства од други земји, ја подобруваме транспарентноста и препознатливоста на квалификациите во Република Северна Македонија и ЕУ.

Чест и задоволство ни претставува да Ве поканиме на Конференцијата по повод „10 години Национална рамка на квалификации“, со која уште еднаш ќе ја потврдиме заложбата за развој на квалитетен национален стандард за стекнување и користење на квалификациите. Ќе се осврнеме на придобивките од НРК, на поважните достигнувања во оваа област во изминатата деценија, а ќе го презентираме и планот за понатамошно делување. Конференцијата е од меѓународен карактер и од особена важност ќе биде сите ние заедно да ги слушнеме искуствата и препораките на истакнати експерти од областа, од земјите во Европската Унија.

Read More