Author Archive asseco see

Работилници за нови квалификации според потребите на пазарот

Во рамките на Tвининг проектот за Национална рамка на квалификации, во периодот од 03.07.2017 до 07.07.2017 година се одржаа работилници за развивање на нови квалификации во два сектора, Секторот за туризам и угостителство и Секторот електротехника, подсектор ИТ на барање на пазарот на труд. Работилниците беа поддржани од Комората за туризам и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), а во соработка со МОН и експертите од Полска: Wojciech Stechly, Michal Sitek, Maciej Lasota и Roxana Pierwienicka.

На работилниците учествуваа претставници од: Министерството за образаование и наука, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Комората за туризам на Република Македонија, Центарот за образование на возрасни, Центар за стручно образование и обука, наставници од средните стручни училишта, како и претставници од туристичките агенции и ИТ компаниите и Центрите за обука

При изработката на стандардите на квалификации од страна на експертите беше истакнато фокусот да се стави на тоа што треба да знаат и да прават лицата кога ќе ја стекнат квалификацијата, а не што ќе учат. Учењето е процес на дизајнирање на наставната програма согласно стандардот на квалификација.

Беше презентирана и разликата помеѓу стандард на квалификација како стандардизиран опис на квалификацијата со одредени елементи кои се бараат и квалификација како формален резултат од процесот на евалуација и потврдување кој се стекнува кога одговорната институција потврдува/ сертифицира дека поединецот ги има постигнато резултатите од учење согласно утврдените стандарди, без оглед на тоа како и каде се стекнати.

Во Секторот за туризам и угостителство беа развиени нацрт квалификациите : Бариста и Продавач на авио билети, додека во Секторот електротехника, подсектор ИТ нацрт квалификациите: Јава програмер и лице за тестирање на софтвер.

 

bty

bty

bty

Придобивките од добро напишаните резултати од учењето

Со воведувањето на Националната рамка на високообразовни квалификации во 2010 година, студиските програми со кои се стекнуваат високообразовни квалификации од прв, втор и трет циклус на студии се засноваат на резултати од учење. Главна особеност на резултатите од учењето е нивната читливост и употребливост од страна на сите корисници на квалификациите, носителите, надлежните органи, работодавачите.

Со поврзувањето на Македонската рамка на квалификации со Европската рамка на квалификации во февруари 2016 година и самопотврдувањето на Националната рамка на високообразовни квалификации со Европската рамка на високобразовни квалификации, постигнавме високообразовните квалифификации кои се издаваат во Македонија да бидат прeпoзнатливи по сите димемзии: ниво, волумен, профил, оценување на постигнувањата, обезбедувањето на квалитет.

Насоките кон кои се движат препораките од Болоњскиот процес бараат од нашиот високообразовен систем да развива и нуди квалификации кои ќе ги исполнуваат сите барања за да бидат запишани во Националниот регистар на квалификации и со тоа да бидат поврзани со релевантните бази на европско ниво, а пред се ESCO, Ploteus и другите портали.

Препознатливи се и тенденциите за сѐ поизразено користење на Националните рамки на квалификации и во постапките на признавања на високообразовните квалификации. Основа за успешност на сите овие процеси и нашата вклученост во нив е поседување на препознатливи, читливи и употребливи резултати од учење на квалификациите и студиски програми кои по својот дизајн, содржина, оценување и систем за осигурување на квалитетот ќе обезбедат нивно постигнување со доверливост во која ќе биде исклучен секаков сомнеж од страна на сите корисници на квалификациите.

Во таа насока Министерството за образование и наука, со поддршка на Британскиот Совет во РМ, на 27  јануари 2017 организираше еднодневна работилница на тема: Резултатите од учењето во студиските програми, на која се разгледуваше ефикасното и функционално креирање на разултатите од учење со цел тие да се унапредат и усогласат со барањата на критериумите и нивната целисходност

Со работилницата беа опфатени економскиот, филозовскиот, филолошкиот, електротехничкиот и машинскиот факултет при Универзитетот ,,Кирил и Методиј,, Скопје и тоа професорите, продеканите за настава, координаторите за ЕКТС кои  ги дизајнираат студиските програми врз основа на резултатите од учење, и членовите на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование и  Националниот одбор за МРК кои ќе ги одобруваат студиските програми и квалификациите.

Работилницата ја водеше експертот од Хрватска, проф. Миле Џелалија, кој истакна дека добро напишаните  резултати од учењето се јасни,  разбирливи и транспарентни за сите, и за студентите и за родителите, на кои им е потребно да знаат каква квалификација стекнуваат и што се очекува да знаат, да прават и кои компетенции ги имаат, за професорите, да можат полесно да ги оценуваат и проверуваат студентите дали ги постигнале резултатите од учењето, а посебно за работодавачите,  да имаат јасна слика за личноста што ќе ја вработаат каква квалификација има стекнато.

Следната работилница ке се одржи на 28 февруари на која ќе се дебатира врз основа на практичните примери кои се изработуваа.

Обуки за користење на Регистарот на Националната рамка на квалификации

Во рамките на ИПА Проектот ,,Набавка на опрема за Националната рамка на квалификации – Менаџмент и информациски систем за потребите на Министерството за образование и наука (EuropeAid/137628/IH/SUP/MK) во периодот од 21 до 23 ноември 2017 беа одржани 3-дневни обуки за користење на Регистарот на Националната рамка на квалификации. На обука учествуваа претставници од Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасните и по еден претставник од Секторските комисии за квалификации. Обуката ја држеше Емилија Кермичиева, претставник од фирмата АСЕКО, кои исто така го дизајнираа Регистарот за НРК.

На обуката беше претставен изгледот на Јавниот портал и Административниот дел.

Јавниот портал  има неколку секции со цел едноставен и брз преглед на информациите. Горното мени се состои од неколку делови:

  • Дома – стандарден линк којшто води до главната страна;
  • ЗА НРК – дел каде што можат да се најдат сите потребни информации за НРК;
  • НРК КАТАЛОГ – дел каде можат да се најдат подетални објаснувања за нивоата, обемот, секторите на квалификации и други основни информации;
  • НРК РЕГИСТАР – дел кадешто има преглед на Регистарот на Стандарди на квалификации и
  • НРК ЗА КОРИСНИЦИ – дел за корисниците, мислење, документација, поднесување барање за нов Стандард на квалификација и сл.

Во административниот сел се дефинирани улогите во системот:

  • Клиент,
  • Раководител на одделението за НРК,
  • Одговорно лице/ член на одделението за НРК,
  • Координатор на Секторска комисија за квалификации,
  • Член на Национален одбор на МРК,
  • Член на Одбор за акредитација и евалуација и
  • Административно техничко лице.

На обуката се презентираа процесите за впишување на Стандардот на квалификација во Регистарот почнувајќи од поднесено барање за одобрување и впишување на Стандардот во Регистерот, проследување до Секторските комисии за квалификации и Националниот одбор за МРК, одобрување и впишување на Стандардот во Регистарот на квалификации.

Учесниците на обуката  добија Корисничко упатство за Регистарот на НРК за полесно користење на истиот.

Обука за обучувачи за НРК

Во рамките на твининг проектот финансиран од ЕУ: ‘’Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации“, а во соработка со Националниот Одбор за НРК беше организирана Обука за обучувачи за НРК. Обуката траеше четири дена од 22 – 24 март 2017, од кои што последниот ден вклучи презентирање на микро-обука и оценување.

Обуката беше фокусирана на три цели:

  1. Обезбедување на учесниците практични можности да станат компетентни обучувачи на лица вклучени во развивањето на квалификации од одреден сектор од образование и обука, и истите да станат одобрени експерти за информирање различни засегнати страни за структурата и процедурите на МРК.
  2. Обезбедување структурирана можност на учесниците  да ги покажат своите компетенции како обучувачи на други лица околу потребните методологии за дизајнирање и развој на квалификации и за прилагодување на постојни квалификации.
  3. Давање можност на учесниците да бидат ментори на помошници-обучувачи, кои би ги развиле своите капацитети преку обука на работното место, кое опфаќа обучување за потребните методологии за изготвување нови квалификации

Програмата за обука е предвидена да трае осум недели која завршува  на 28 април и се состои од два дела. Согласно препораките на ЕРК, Програмата за обука се заснова на резултати од учењето и оценување на постигнувања на резултатите од учење со точно пропишани критериуми за оценување. Оценувањето на микро обуката го вршеа  двајца оценувачи (еден интернационален и еден национален оценувач).

Првиот дел на Програмата е структуриран во 2 задолжителни и 5 изборни модула со предвидени:  30  часови директен контакт во училница,  20 часови учење поддржано преку е-платформа и  250 часови самостојно и групно учење).

Модулот 1 е насловен:  Правни, оперативни и педагошки аспекти на НРК и се состои од 5 дела, додека Моделот 2 е Модернизирање на постојните квалификации и развивање на нови квалификации и се состои од 5 дела.

Вториот дел од програмата вклучува Портфолио со материјали за обука кое ќе мора да биде предадено на оценување пред 28 април 2017. Резултатите од комплетното оценувањето ќе бидат објавени најдоцна до 12 мај 2017.

Учесниците кои успешно ќе ги завршат двете оценувања за програмата ќе добијат сертификат и  се здобиваат со квалификација Обучувач за обучувачи за НРК кои како експерти ќе им помогнат на Националниот Одбор за НРК и Одделението за НРК во промовирањето на Македонската рамка на квалификации и обучување други лица за новите методологии за развивање квалификации за НРК, за прилагодување на постојни квалификации и за општите аспекти за НРК.

Работилница на тема: Придобивките од на резултатите од учење

Во рамките на Твининг проектот:,,Понатамошен развој и  имплементација на националната рамка на квалификации,, Министерството за образование и наука започнаа регионални работилници на тема: Придобивки од резултатите од учење,,

Првата работилница се одржа на 14 февруари  2017 на правниот факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев,, во Штип, на која активно учествуваа претставници од средните сручни  училишта и бизнис  заедница  од Велес, Радовиш, Берово, Делчево, Струмица, Кавадарци, Пробиштип, Македонска Каменица и Штип и универзитетски професори, а втората работилница се одржа на 16 февруари  на правниот факултет при Универзитетот ,,Климент Охридски,, во Битола на која присуствуваа преставници од Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Крушево, Демир Хисар.

На почетокот на работилниците учесниците беа информирани за понатамошната имплементација на Национална рамка на квалификации во нашата земја и значењето на резултатите од учењето кои треба да се постигнаt при стекнување на квалификациите.

На работилниците се дискутираше како може да се групираат резултатите од учење и како да се класифицирааат по сложеност, ниво, сектор и сл. Беше истакнато дека тие треба да бидат реални и мерливи, и секогаш мора да поминат низ процесот на оценување, односно проверка на знаењата, вештините и компетенциите кои ги стекнуваат учениците. Се дискутираше за описот на резултатите од учењето, кои покрај нивната мерливост, потребно е да бидат јасно напишани за да можат сите да ги разберат. Работилниците беа водени од експерти од Хрватска и Полска. Експертот, проф, Миле Џелалија ги истакна придобивките од  пишувањето на резултатите од учење:

Во областа на образованието и обуката: студентите ќе се запознаат што треба да постигнат за да можат стекнат одредена квалификација и родителите ке се знаат каква квалификација ќе стекнат нивните деца;
Во областа на вработувањето: работодавачите ке можат да проценат кои знаења, вештини и компетенции ги има поединецот за да може да работи и полесен опис на работното место;

За самиот поединец: за опис на неговата професионална биографија ( CV).
Следната работилница ќе се одржи во Тетово која ќе опфати преставници од Тетово, Куманово, Гостивар и Кичево.

Презентации:
Kreiranje efektivni rezultati od ucenje
Learning_Outcomes_Feb_2017_MDz (1)

Одржливост на Националната рамка на квалификации – кои се националните перспективи

За понатамошната имплементација на Националната рамка на квалификации покрај процесот на осигурување на квалитетот, постојано мора да се реализираат активности за подигање свеста за придобивките од Националната рамка на квалификација со кои ќе бидат опфатени различни чинители,  но истовремено и да се запознаат кои се националните приоритети на кои треба да се фокусираме за одржливост на рамката на квалификации. За таа цел, Министерството за образование и наука во рамките на Твининг проектот ,,Понатамошен развој и имплементација на Националната рамка на квалификации,, на 23 февруари 2017 година, во просториите на филозофскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје  се одржа конференција за подигање на свеста за НРК  на тема: ,,НРК – национални перспективи,,

На конференцијата учествуваа национални и меѓународни експерти од Полска и Австрија. Државниот советник во МОН и координатор на целиот процес за Националната рамка на квалификации, Наташа Јаневска, зборуваше за улогата, структурата, процесите и телата на МРК, нејзините корисници, и ги престави националните перспективи за понатамошен развој на МРК, опишани во Патоказот за понатамошен развој на МРК. Патоказот за МРК беше изготвен и презентиран пред членовите од Советодавната група за ЕРК при ЕК во Брисел на 7 февруари 2017 со цел да се покаже дека нашата држава е фокусирана на понатамошната имплементација на НРК за што се обврзавме по усвојувањето на Извештајот за поврзување на НРК со ЕРК минатата година на состанокот на Советодавната група за ЕРК при ЕК во Брисел.

Патоказот е резултат на комуникација и соработката на различни чинители цела една година и се состои од 8 работни пакети:

РП 1: Концептуална рамка

РП2: Институционална поставеност на МРК и вклученост на заинтересираните страни

РП 3: Примена на резултатите од учењето

РП 4:Развој и примена на системот за валидација на неформалното и информалното учење

РП 5: Вклучување на квалификациите во МРК

РП 6: Осигурување на квалитет

РП 7: Легислатива

РП 8: Следење и Осигурување на квалитет во примената на Патоказот

 

Во работните пакети се опишани активностите кои треба да се реализираат, чинителите кои ќе ги реализираат и временската рамка кога ќе се реализираат и пред се, кои се резултатите од нивната реализација.

Проф. Ева Смилетска  го објасни значењето на Извештајот за поврзување на НРК со ЕРК и улогата на Советодавната група за ЕРК при ЕК во целиот квалификациски ситем.

Проф. Томас Волски  дискутираше за нови пристапи и методи  во системот на образование со цел да се постигнат резултатите од учење и проверката дали се постигнати резултатите од учење преку процесот на оценување, додека експертот од Австрија, Едуард Стаудекер, го претстави дуалниот систем во образованието кој постои во Австрија и значењето на практичната работа која се изведува во компанија или на работно место.

Во вториот дел од конференцијата се дискутираше за потребата од изготвување на Терминолошки речник за НРК, бидејќи одредени нејаснотии околу системот на квалификации произлегуваат од различно толкување на еден ист поим или погрешно дефинирање на називите на квалификациите. Во панел дискусијата која се организираше учествуваа преставници од различни образовни институции и рабородавач кои беа фокусирани на три прашања:

  1. Како да направи терминологијата за НРК да стане разбирлива за сите? Како да се најде заеднички јазик?
  2. Што значат квалификациите/резултатите од учење според терминологијата?
  3. Зошто е важен стандардот на квалификација? За кого е важен и кој има корист од него?

Dozivotno ucenje bazirano na LO_TW
NRK_Nacionalni perspektivi_NJ
Obrazovanie i obuka bazirano na kompetencii_ES
Patokaz za implementacija na MRK_ES



Користење на Националната рамка на квалификации како инструмент за доживотно учење

Поддршката на поединецот за доживотно учење како една од важните цели на Националната рамка на квалификации беше дискутирана во рамките на ЕКВЕТ Конференцијата која се одржа на 6 ноември 2017 во организација на Националната агенција за европски програми и мобилност.  За да се поттикне доживотното учење  во стручното образование и обука потребни се кредити (европски кредити за стручно образование и обука) со кои се мери потрошенното време за стекнување на квалификации  и кредитниот транфер систем со кои  се овозможува преносливост на кредити за стекнување на квалификации од една институција во друга и од едно ниво во  друго.

Беше истакнато дека НРК е национален стандард за воспоставување на системот на квалификации стекнати во Република Македонија, но истовремено преставува инструмент за: систематизирање на квалификациите, прегледност на квалификациите, споредливост на квалификациите, визија и реформи за модернизација на системот за образование и обука, комуникација и заедничка платформа на соработка на заинтересираните страни, рамнотежа помеѓу образованието и обуката и потребите на пазарот на труд и доверба во квалификациите кои ги поседува поединецот, бидејќи се создава  единствен систем за управување со квалитет.

Државниот советник во МОН, Наташа Јаневска, истакна дека корист од употребата на НРК имаат сите: работодавачите и коморите  да  го  согледуваат видот на вештините и квалификациите потребни за вработување, претпријатијата  постојано да ги подобруваат вештините на своите вработени согласно брзите промени на технологијата, Агенцијата за вработување на РМ  да  ги користат квалификациите од МРК, поединците да можат да ја согледуваат врската помеѓу видот и нивото на квалификацијата, за носителите на квалификации  таа е основа за меѓународно препознавање и признавање на квалификацијата што ја поседуваат, за креаторите на политики за образование и обука таа е визија  и реформи  во образованието и обуката и на крај  економијата и општеството, бидејќи квалификациите  во МРК се усогласени со економско социјалните и културни потреби на државата.

На конференцијата беа посочени добри практики  во спроведувањето на ЕКВЕТ во Република Чешка.

 

Nacionalna ramka na kvalifikacii_noemvri_2017 _NAOPM (1)

Втора дебата по однос на нацрт тектот на Прирачникот за прилагодување на постојните квалификации согласно барањата на Националната рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации

Во присуство на различни преставници од образовните институции, работодавачи, комори, членови на Националниот одбор за Македонската рамка на квалификации и експерти од твининг проектот ,,Понатамошен развој и имплементација на Националната рамка на квалификации,, , на 20 јуни, во просториите на ЕУ Инфо Центарот, се одржа втора дебата за нацрт тектот на Прирачникот за прилагодување на постојните квалификации согласно барањата на Националната рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации.

Целта на дебатата беше презентирање и дискусија по однос на содржината на Прирачникот за прилагодување на постојните квалификации според барањата на Националната рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации. Прирачникот претставува збир на информации за насочување на стручните лица ангажирани да го спроведуваат процесот на прилагодување на одредени постојни квалификации според барањата на НРК и ЕРК.

Од страна на експертите Хорациј Дебовски, Емилија Дановска- Флоржак, Агата Почманска и Станислав Славински беа презентирани барањата на Евопската рамка на квалификации во насока на прилагодување на постојните квалификации, двете фази на прилагодување и листата за проверка при анализирање на постојните квалификации. Процесот на прилагодување на постојните квалификации се состои од две фази:

I. Анализата на постојните квалификации со цел да се изменат во зависност од барањата на НРК и ЕРК, која вклучува Листа за проверка, како алатка за насочување на експертите низ процесот.
Листата за проверка се состои од 15 тематски области групирани во 3 главни делови:
• општи информации за квалификацијата,
• резултати од учење и оценување и
• институционални аспекти.

II. Воведување на соодветните измени – процес на прилагодување, Истовремено во процесот на прилагодување се одредува и нивото на квалификацијата во НРК според описите на нивоата (резултатите од учењето).

Дебатата беше отворена од страна на преставникот на Делегација на Европската унија во Скопје, Софи Беламонт, и Наташа Јаневска, државен советник во МОН, која зборуваше за важноста на Прирачникот за стручните лица кои ќе вршат прилагодување на постојните квалификации согласно барањата на Националната рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации за да можат да се вклучат во Регистерот за квалификации. Таа потенцираше дека прилагодувањето на постојната квалификација не подразбира развивање нова квалификација, менување на идентитетот на квалификацијата, или подобрување на содржината и текстот на квалификацијата, туку се врши прилагодување според барањата на НРК и ЕРК. Исто така, истакна, дека Листата за проверка која е во прилог на Прирачникот беше тестирана, во рамките на две работилници, на две постојни квалификации: квалификацијата – туристички водич и квалификацијата – мајстор.

Дебата за нацрт – текстот на Прирачникот за развивање квалификации и прилагодување на постоечките квалификации во Македонската рамка на квалификации

 За да се обезбеди квалитет во процесот на развивање квалификации потребно е да се изготват процедури, прирачници и други документи во кои се дават насоки како да се одвива процесот на НРК и кои принципи и критериуми да се почитуваат. Во таа насока на 26 јануари  2017 во просториите на Стопанската комора на РМ се одржа дебата по нацрт – текстот на Прирачникот за развивање квалификации и прилагодување на постоечките квалификации во Македонската рамка на квалификации со цел да се изврши консултација со широк круг на засегнати страни околу нацрт верзијата на Прирачникот, кој што содржи информации како да се развијат нови квалификации и да се прилагодат постојните согласно препораките на Македонската рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации.  Дебата ја водеа државниот советник во МОН, Наташа Јаневска, и експертот од Ирска, Ан Марфи и во неа учествуваа претставници од МОН и другите образовни институции (Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасните) Државниот испитен центар, Министерството за труд и социјална политика, преставници од средните стручните училишта и високообразовните институции, понудувачи на образовни услуги, комори, работодавачи, членовите на Националниот одбор за МРК и преставници/експерти од други проекти. На дебатата се дискутираше по содржината на текстот од Прирачникот кои опфаќа повеќе делови:

  1. Вовед во македонската рамка на квалификации – во кој се дава преглед за структурата, нивоата, описите на нивоата, типовите на  квалификации, кредит системите и Регистарот  на квалификации на МРК;
  2. Предлагање нова квалификација – изготвување предлог за нова квалификација, структура на квалификацијата, објаснување за структурата на квалификацијата, листа на насоки за развивање нова квалификација согласно потребите на пазарот на труд и сл;
  3. Сложени контексти при развивање нова квалификација во РМ;
  4. Развивање нови квалификации – фази при развивање нова квалификација, утврдување на потребата од развивање нова квалификација, одобрување и ревидирање на квалификацијата;
  5. Користење на резултатите од учењето во нови квалификации – користење на пристапот на резултати од учењето при развивање на новата квалификација и оценување на резултатите од учењето;
  6. Воведување модули и семестри;
  7. Квалификации за доживотно учење;
  8. Признавање/валидација на неформалното учење засновано на резултати од учењето поврзани со квалификации;
  9. Вклучување  квалификации во Регистерот за МРК;
  10. Принципи за осигурување квалитет за новите квалификации;
  11. Адаптирање на постојните квалификации според критериумите на МРК и ЕРК – разбирање на процесот на адаптирање на постојните квалификации според  критериумите на МРК и ЕРК и кои квалификации да се изберат и зошто, како да се анализираат постојните квалификации и како да се одреди релевантниот опфат на измените на постоечките квалификации, како да се изменат квалификациите, резултатите од учењето во адаптираните квалификации и одредување на нивото во МРК, оценување на резултатите од учењето според принципите за осигурување  квалитет, адаптирање на постојните квалификации во контекст на Регистерот на МРК;
  12. Развивање или адаптирање квалификации од тригодишното стручно образование;
  13. Развивање или адаптирање квалификации од четиригодишното стручно образование;
  14. Развивање или адаптирање квалификации од постсредното образование;
  15. Развивање или адаптирање квалификации од високото образование;
  16. Развивање или адаптирање квалификации од образование за возрасни;
  17. Развивање или адаптирање на општо образовните квалификации.

Во целата дискусија посебен акцент беше ставен на принципите за осигурување на квалитет во развојот на квалификациите, а еден од заклучоците беше изготвување на еден заеднички терминолошки речник.

Кои се предизвиците и практичните чекори на Националната рамка на квалификации – 2020

Во рамките на Твининг проектот,,Понатамошен развој и имплементација на националната рамка на квалификации, по низа работилници за јакнење на капацитетите на членовите на Националниот Одбор за МРК,  на 17 јануари 2017 се одржа семинар на тема: ,,Анализирање, развивање и подготвување практични чекори за 2020,,  што беше предизвик за членовите на Националниот одбор на МРК кои учествуваа на семинарот. Семинарот го водea  експертите од проектот: Ајлин Понтон, Шила Дун, Рос Крафорд (Шкотска), и Марта Пониковска (Полска).

На семинарот  се дискутираше по две прашања:

  1. Како би изгледала Македонската рамка на квалификации во 2020 година како успешна рамка на квалификации ?
  2. На кои приоритети треба да се фокусираме и кои активности треба да се реализираат за тоа да се постигне?

Членовите на Националниот Одбор за МРК во предизвиците за НРК главен фокус ставија на одржливоста на рамка, нејзината флексибилност и транспарентност за да може секој да ја користи и и силната соработка со сите чинители. Исто така, истакнаа, дека таа треба да биде составен дел (интегрален дел) од системот и  легислативата и да овозможува мобилност од едно ниво во друго повисоко ниво.

Но најважно од се, е да има квалитет преку развиени стандарди за квалитет,  и релевантност на квалификациите според потребите на пазар на труд и потребите на општеството и личниот развој на поединецот.