Во рамките на започнување на процесот за формирање на Секторските комисии за квалификации, во ЕУ Инфо Центарот, на 8 јуни, се одржа работилница со преставници од работодавачите од различни сектори. Работилницата ја отвори претседателот на Националниот одбор за Македонска рамка на квалификации, Борчо Алексов, кој ја нагласи важноста на работодавачите во целиот процес на квалификации и формирањето на Секторските комисии за квалификации. Тој потенцираше дека Секторските комисии за квалификации како стручни тела ќе вршат анализа на состојбата и тенденциите на пазарот на трудот, ќе ги анализираат постојните квалификации, ќе ги идентификуваат потребите за сите видови на квалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот и општеството во целина, ќе предлагаат квалификации, ќе разгледуваат предлози за воведување на нови квалификации, ќе даваат мислење за усогласеноста на стандардите на занимањата/стандардите на квалификации со испитните програми, ќе формираат комисии за оценување и потврдување на резултатите од учењето (знаења, вештини и компетенции) во неформалното образование и обука, и ќе ги промовираат секторите на квалификации и можностите за вработување во нив.
Целта на работилницата беше да се разгледаат нацрт-сет на упатства за Секторските комисии за квалификации, вклучувајќи и предлози како да се спроведе процесот на прилагодување на постоечките квалификации за 16-те сектори на квалификации дефинирани во Законот за Национална рамка на квалификации.
Во рамките на Tвининг проектот за Национална рамка на квалификации, во периодот од 03.07.2017 до 07.07.2017 година се одржаа работилници за развивање на нови квалификации во два сектора, Секторот за туризам и угостителство и Секторот електротехника, подсектор ИТ на барање на пазарот на труд. Работилниците беа поддржани од Комората за туризам и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), а во соработка со МОН и експертите од Полска: Wojciech Stechly, Michal Sitek, Maciej Lasota и Roxana Pierwienicka.

На работилниците учествуваа претставници од: Министерството за образаование и наука, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Комората за туризам на Република Македонија, Центарот за образование на возрасни, Центар за стручно образование и обука, наставници од средните стручни училишта, како и претставници од туристичките агенции и ИТ компаниите и Центрите за обука.

При изработката на стандардите на квалификации од страна на експертите беше истакнато фокусот да се стави на тоа што треба да знаат и да прават лицата кога ќе ја стекнат квалификацијата, а не што ќе учат. Учењето е процес на дизајнирање на наставната програма согласно стандардот на квалификација. Беше презентирана и разликата помеѓу стандард на квалификација како стандардизиран опис на квалификацијата со одредени елементи кои се бараат и квалификација како формален резултат од процесот на евалуација и потврдување кој се стекнува кога одговорната институција потврдува/ сертифицира дека поединецот ги има постигнато резултатите од учење согласно утврдените стандарди, без оглед на тоа како и каде се стекнати.
Во Секторот за туризам и угостителство беа развиени нацрт квалификациите : Бариста и Продавач на авио билети, додека во Секторот електротехника, подсектор ИТ нацрт квалификациите: Јава програмер и лице за тестирање на софтвер.

Во рамките на ИПА Твининг проектот: „Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка за квалификации“ – MK 13 IPA SO 02 15 (MK 13 IB SO 02), потпишан од страна на Министерството за образование и наука, како земја корисник и Истражувачки образовен институт (IBE) од Република Полска, Министерството за наука, образование и спорт (МЕСС) од Република Хрватска и Партнерство на Шкотската Кредитна и квалификациска рамка (SCQFP) од Велика Британија, како земји членки, во соработка со интернационалните експерти и преставници од различни институции и други корисници вклучени во процесот на Националната рамка за квалификации во нашата земја зе изготвија нацрт документи потребни за понатамошна имлементација на НРК.
За поголема транспарентност на процесот Нацрт-документите се прикачени на нашата веб стана со цел да се информираат сите заитересирани страни и да учествиваа со свои мислења, коментари, сугестии кои ќе бидат разгледани и вклучени во документите пред да бидат конечно усвоени од страна на Националниот одбор за Македонската рамка на квалификации.

Првата работилница беше одржана на 4-5 ноември 2015, во Скопје, на која се определуваа целите и приоритетите, главните корисници, улогите и функциите на различните чинители и институции за изработка на Акцискиот план во соработка со експертот од ЕТФ, г-ѓа Едуарда Кастел Бранко и експертот Дејвид Хендли.
И двете работилници се во насока на остварување на активностите на Концепцијата за неформално образование и информално учење, усвоена од Министерството за образование и наука. Концепцијата беше изготвена од Центарот за образование на возрасни, во транспарентна соработка со заинтересираните страни и со поддршка од ЕТФ, и се основа на шест приоритетни области:
Процесот на валидација на неформалното и информалното учење, исто така, претставува едно поглавје во Извештајот за поврзување на МРК со ЕРК и еден од критериумите кои треба да ги исполниме во Извештајот, кој Република Македонија на 3-ти февруари 2016 година, успешно го претстави пред Советодавната група на ЕРК при ЕК на 34 состанок во Брисел и еден од приоритетите на кои треба да се работи во наредниот период.
На работилницата, работна група составена од претставници на повеќе образовни институции, социјални партнери, комори и независни експерти, ги разјасни концептите, приоритетите, акциите кои треба да се планираат во соработка со други тековни проекти и се согласи со препораките за финалната верзија на Акцискиот план.
Освен тоа, на работилницата имаше и можност да се сподели добра практика од процесот на валидација на неформалното и информалното учење од Франција од страна на францускиот претставник на Советодавната група за ЕРК за ВНИУ, г-ѓа Јоланде Фермон, која има широко искуство во политики и практични услови за процесот на валидација.



На 26 и 27 септември 2016 год. во Маврово се одржа дво – дневна работилница на тема: “Зајакнување на капацитетите на релевантните организации на заинтересираните страни да учествуваат во политиките во сферата на образованието” на која се споделија добри практики за успешни структури на воспоставен дијалог на ниво на градење на политики помеѓу образовната страна и страната на работодавачите.
На самата работилница државниот советник во МОН, г-ѓа Наташа Јаневска, презентираше за сегашната состојба на Македонската рамка на квалификации и нејзината хоризонтална и вертикалнта поставеност во сеопфатната Стратегија за образование 2016-2020 како инструмент за комуникација на сите заинтересирани страни вклучени во процесот на квалификацискиот систем и реформи во образованието за стекнување на квалификации потребни на пазарот на труд или личен развој на поединецот во процесот на доживотно учење.
Во насока на стекнување на квалификации, поминати низ целиот процес на осигурување на квалитет, кои ќе бидат транспарентни, препознати и признати нанационално и меѓународно ниво, се преземаат низа реформи во системот на образованието и обуката. Една од најважните реформи е процесот на редизајнирање на наставните програми врз основа на резултати од учење и оценување на постигнувањето на резултатите од учење и модуларниот пристап и практична работа кај работодавачи во стручното образование и обука.
Во рамките на Твининг проектот за понатамошно подобрување на имплементацијата на Националната рамка на квалификации на 06 април 2016 година, на Машинскиот факултет, УКИМ, Скопје беше одржан семинар на тема: „Институционална поставеност и методологија за развивање на квалификации во Националната рамка на квалификации“
На семинарот учествуваа претставници од различни институции, како креатори на образовни политики, изработувачи на програмски документи за квалификации, понудувачи на квалификации и корисници на квалификации.
На семинарот беа пренесени добри практики од Шкотска, Полска, Ирска и Хрватска и се направи шематски приказ како треба да изгледа институционалната поставеност во развивањето и одобрувањето на квалификациите.


На 23 септември 2016 во Делегација на ЕУ, се одржа втората работилница за изготвување на Патоказ за понатамошна имплементација на Македонската рамка на квалификации кој ќе биде презентиран на состанокот на Советодавната група за ЕРК во фебруари 2017 во Брисел.
Патоказот се состои од работни пакети, кои се однесуваат на следните подрачја:
Во овие подрачја се предвидени низа активности за понатамошна имплементација на Македонската рамка на квалификации во насока на нејзина одржливост.
На работилницата присуствуваа преставници од повеќе образовни институции, комори, организација на работодаваци и меѓународни координатори на проекти кои се спроведуваат во Репубулика Македонија. Работилницата ја водеа меѓународни експерти, членови на Советодавната група за ЕРК, г-ѓа Ewa Chmieletcka и г-динот Миле Џелалија.



