Резултатите од учењето во квалификација се клучни во процесот на усогласување на НРК со ЕРК, бидејќи тие претставуваат мерливи искази за тоа што знае и за што е оспособен ученикот кој излегува од процесот на учењето и обуката. Со подршка на ЕТФ и пристап базиран на Попис на квалификациите и анализа на примерок , постојат докази за степенот на примена на пристапот на резултатите од учење во квалификациите во реформираните програми за тригодишно стручно образование, кои се изработени врз основа на стандарди на занимања и орјентирани врз резултатите од учењето, и ограничено усогласување во постојните програми во четиригодишното стручно образование. Затоа четиригодишните стручни квалификации имаат потреба од потранспарентен и полесен начин на читање и дефинирање на резултатите од учењето што ќе овозможува разбирање на квалификацијата и полесно одредување на нивото на квалификацијата.
За таа цел Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука со подршка на ЕТФ, во присуство на претавникот од Европската тренинг фондација, г-ѓа Едварда Кастел Бранко и експерт од Полска, г-н Војчех Стечли, на 3 и 4 септември 2015 одржа дводневна работилница која ќе придонесе за закнење на капацитетите и ќе пилотира практичен начин на идентификација, формулација и опис на клучните резултати за примерок на четиригодишните стручни квалификации. На работилницата се формулираа резултатите од учењето на одредени примероци и се сподели пристапот и методологијата развиен во Полска. На работилницата присуствуваа клучната група за подготовка на Извештајот за упатување на НРК со ЕРК, советници од Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасни и Бирото за развој на образованието, преставници од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РМ, наставници од стручните училишта и работодавачи.
Преставник од Министерството за образование и наука, Наташа Јаневска, координатор на работната група за имплементација на НРК, на 14 мај 2015 год. учествуваше на состанокот на Советот на работодавачи, организиран од страна на директорот на Агенцијата за вработување на РМ, г- дин Влатко Попоски.
На состанокот беше истакната важноста од донесувањето на Македонската рамка на квалификации како важен сегмент во процесот на реформи што ги презема Република Македонија во образованиот систем со цел да стане споредлива со европскиот систем на вредности, кој ќе овозможи поголема мобилност, како на полето на образованието, така и на полето на пазарот на трудот.
На состанокот беше презентирана Националната рамка за квалификации, како инструмент за класификација, споредување, развој и разбирање на квалификациите, но акцентот беше ставен на важноста на работодавачите во целиот процес на НРК за да можеме да образуваме кадри кои ќе имаат реална потреба на пазарот на трудот и ќе бидат барани од индустријата, а со тоа ќе се и обезбеди полесно вработување. Со систематско вклучување на работодавачите во образовниот прoцес, ќе се зголеми и релевантноста на сите видови квалификации, кон потребите на бизнисите и пазарот на трудот во целост.
Затоа велиме дека таа истовремено претставува и инструмент за комуникација помеѓу заитересираните страни корисници на истата (институции, ученици студенти, наставници, работодавачи, понудувачи на обуки, креатори на политики, комори, организација на работодавачи и сл.)
Советот на работодавачи е составен преставници на поголемите компаниии во РМ, комори и организацијата на работодавачи. На состанокот се разви плодна дискусија.
Со поддршка на Британскиот Совет во Македонија, во соработка на Организацијата на работодавачи, на 06 фебруари 2015 год., министерството за образование и наука, одржа работилница на тема: ‘’Подигање на свеста на работодавачите за нивната улога во процесот на НРК.’’
На работилницата учествуваа преставници на фирми од различни сектори во рамките на која беше презентирана Македонска рамка на квалификации како инструмент кој овозможува класификација, споредување, развој и разбирање на квалификациите и значењето на работодавачите во целиот процес. Рамката ги опфаќа нивоата на квалификации кои може да се стекнат низ сите видови на образование и обука, со цел да се задоволат потребите на пазарот на трудот и на општеството. Само со вклучување на работодавачите во целиот процес на МРК може да се зголеми релевантноста на сите видови квалификации, кон потребите на бизнисите и пазарот на трудот во целост.
Улогата што ја имаат работодавачите, започнува со импутот што ќе го даваат преку изготвувањето на наставните/ студиските програми, во изготвувањето на стандардите за занимања преку учеството во работните групи, во развивањето на нови квалификации со учество како членови во Секторските комисии и во усвојувањето на квалификациите со учеството во највисокото тело за МРК, како членови на Националниот Одбор на МРК, кој треба да се формира.
На обука беа презентирани практики каде во краеирањето на наставните/студиските програми имале учество работодавачите и таму каде што немале свое учество.
Значењето на резултатите од учење во процесот на Националната рамка на квалификации беше тема на дводневната работилница која се одржа на 20 и 21 мај 2015 год. во соработка со Министертсвото за образование и наука и Европската тренинг фондација.
Дефинирањето на резултатите од учење во описот на квалификацијата преставува пристап кој резултира со осугурување на квалитетот на самата квалификација. Преку резултатите од учењето се дизајнираат наставните/студиските програми и посебните програми во образованието на возрасни, се определува наставниот кадар, се дефинира процесот на наставата и учењето, поддршката што се дава на учениците/студентитте/учесниците во процесот на учење, оценувањето, препознавањето и валидацијата на предходното учење. Истите тие помагаат за релавантноста на квалификациите со потребите на пазарот на труд и можност за споредба на квалификациите кои се стекнати во една земја.
На работилницата учествуваа меѓународните експерти, членови на Советодавната група за Еворпската рамка на квалификации во ЕК, г-ѓа Eдварда Кастел Бранко и проф. Миле Џелалија, преставници од Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасни, преставници од средните стручни училишта каде се работи по реформираните програми за тригодишното образование, од државните и приватните факултети, иституции кои спроведуваат образование на возрасни, од занаечиската и стопанската комора и др. Учесниците на работилницата преку презентации и излагања, изнесоа добри практики како ги дефинираа и мерат резултатите од учењето, но истовремено се заклучи дека треба добро да се осмисли пишувањето на резултатите од учење. На работилницата беа презентирани новите документи ,,Процедурата за развивање на квалификации,, Методологијата за вклучување на кваливикации во НРК,, и Протоколот за соработка помеѓу заинтересираните страни вклучени во процесот на НРК.
Одржана конститутивната седница на Националниот Одбор за Македонската Рамка за Квалификации
На 23.12.2015 год. се одржа првата конститутивна седница на Националниот Одбор за Македонската Рамка за Квалификации на која беше избран претседател на Одборот кој ќе го претставува и застапува Националниот Одбор. Конститутивната седница ја отвори заменик министерот за образование и наука г-динот Спиро Ристовски.
Националниот Одбор за Македонската Рамка за Квалификации ја започна својата работа
На 15 јануари 2016 год. Одборот ја одржа втората седница на која беа поканети и членовите на работната гупа за подготовка на Извештајот за упатување на Македонската рамка за квалификации со ЕРК и преставници на Британскиот Совет во РМ. На седницата, членовите на потесната работна група за изготвување на Извештајот за упатување на МРК со ЕРК, го презентираа Извештајот за упатување на МРК со ЕРК.Во презентацијата посебно беше потенцирано значењето и улогата на Националната рамка на квалификации за Република Македонија, улогата на Националниот Одбор за имплементација на НРК во нашата земја и исполнетоста на критериумите за упатување на МРК кон ЕРК.
Дополнително присутните беа информирани дека Извештајот е доставен на разгледување до сите членови на Советодавната група за ЕРК при ЕК во Брисел и се очекува нивното мислење во однос на истиот со посебен осврт на исполнетоста на критериумите за упатување на МРК кон ЕРК. Првата презентација на Извештајот за упатување на МРК со ЕРК пред членовите на Советодавната група за ЕРК при ЕК во Брисел ќе биде оддржана на 3 фебруари 2016 година.
За да се воспостави на рамнотежа помеѓу образованието, обуката и потребите на пазарот на трудот за полесно вработивање на поединецот потребно е вклучување на работодавачите во целиот процес на имплементацијата на Македонската рамка на квалификации.
За таа цел во соработка со Британскиот Совет во Македонија, Свисконтакт, преку нивната програма „Зголемување на пазарната вработливост“ и ПРЕДА Плус започна процесот на вклучување на работодавачите од секторот Информатички технологии (ИТ).
На тридневниот настан кој се одржа од 2 до 4 ноември 2015 година, беа вклучени преставници од работодавачите (СЕМОС Едукација, Ендава, Ивоте), од Цетарот за стручно образование и обука, од високо образовни институции (ФИНКИ, УИТ и ФИКТ) од ИТ секторот, од средните стручни училишта, од Агенцијата за вработување, и Стопанската комора. Преставници од Министерството за образование и наука ја презентираа Националната рамка на квалификации со осврт на резултатите од учењето, процесите за вклучување на работодавачите и изготвување на стандарди на занимање и квалификации. Британскиот експерт г-ѓа Џудит Мекграт сподели добри практики од системот во Велика Британија, концептот и придобивките од вклученоста на работодавачите во целиот процес, моделите, добрите практики и развојот на ИТ вештините во Велика Британија.
Резултат од настанот е изработка на најдобро применилив модел за соработка помеѓу високо образовните институции од ИТ секторот и работодавачите, следејќи ги успешните примери и добри практки од Велика Британија и изработка на стандарди на занимања и квалификации кои се најбарани на пазарот на трудот.
best_practice_cooperation_model
Koristenje na kvalifikaciite informatika BA
Во согласност со Законот за националната рамка на квалификации , Владата на Република Македонија на седницaта одржана на 20 октомври 2015 го формира Националниот Одбор за Македонската рамка за квалификации како највисоко тело кое ќе го унапредува системот на квалификации, ќе ги одобрува и класифицира на квалификациите во Македонската рамка на квалификации, ќе врши проценка на политиките за образование, вработување, доживотно професионално насочување и регионален развој од аспект на развој на човечкиот потенцијал и негов придонес во зголемување на конкуретноста на Република Македонија, ќе дава препораки за развојот на образованието и обуката со потребите на пазарот на трудот, ќе донесува одлуки за распоредување на квалификациите и ќе ги усогласува постојните квалификации во Македонската рамка на квалификации, ќе ги формира Секторски комисии за квалификации и ќе одлучува за дефинирање на потсекторите, областите и подобластите во рамките на Секторите на квалификации.
Невработеноста на младите во земјите од Западен Балкан е прашање кое ги обединува владините креатори на политики, образованието и работодавачите со цел да се најдат насоодветни решенија за обезбедување на динамична економска иднина.
Со цел да се подигне свеста и да се обезбеди форум за дискусија за важните прашања поврзани со образованието, пазарот на труд и вработувањето, Британскиот Совет организира меѓународна конференција на тема„ Гледаме во иднината“ која е дел од проектот „ Вклучување на работодавачите и реформа на стручното образование и обука“.
Конференцијата се одржа од 7-9ти декември и на неа покрај меѓународните партнери од Велика Британија и земјите од регионот, присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука, Британски Совет, Стопанската комора за туризам, училиштата и работодавачи од секторот за туризам и угостителство.
На конференцијата се разгледуваа важни прашања поврзани со развојот на вештините, претприемништвото, учењето засновано на работа и вработувањето.
Клучно прашање за дискусија беше воспоставување, развој и улога на Секторска комисија за туризам и угостителство, како важен форум за дијалог во процесот на спроведувањето на Националната рамка на квалификации.
Во рамките на процесот на имплементација на Македонската рамка на квалификации, преставници од Министерството за образование и наука присуствуваа на Управниот одбор на БЕЕТ Проектот ,,Обука на градежните работници за енергетска ефикасност,, на 12.11.2015 година во Стопанската комора на Македонија.
Проектот е дел од иницијативата на Европската Унија за градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор во областа за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. На состанокот се дискутираше за темите кои се однесуваа на завршната фаза на проектот и валидацијата на неформалнито образование која што беше главна цел на проектот покрај обуките и едукацијата на на работниците во градежниот сектор. На управниот Одбор преставниците од МОН ја презентираа Македонската рамка на квалификации и легислативата која се однесува на нејзината имплементација.
Во периодот од 16 до 20 ноември, во Бирмингем, Англија македонска делегација од претствници од министерството за образование и наука, работодавачите и од Британскиот Совет во Македонија учествуваше на настанот ,,Учењето го носиме дома“ кој ги поврзува партнерите на Британски совет од Велика Британија и други 20 земји со цел да споделат и разменат информации, идеи и добри практики за соработката помеѓу работодавачите и стручните училишта, развојот на квалификации според потребите на работодавачите и за иновациите во вештините.
Настанот беше со интерактивен карактер со цел на учесниците да им се овозможи да учествуваат во пленарни сесии и работилници на кои ги споделуваа своите искуства за развој на Национална рамка за кавлификации во нивните земји и улогата на работодавачите во неа, учество на Меѓународниот форум за политики како дел од Конференцијата на Асоцијацијата на колеџи, посета на Саемот за вештини каде беше презентирана соработката помеѓу стручните училишта и компаниите, посета кај работодавачи кои нудат пракса и посета на Колеџи кои нудат дополнително образование.